Slide 1
Slide 1

Вести

Директорот на Volkswagen на LinkedIn ја искритикува мрежата на брзи полначи по своето патување во Италија

Slide 1
Slide 1

Критиките на Дис се надоврзуваат на коментарите на директорот на маркетинг на Volskwagen дека цените за полнење на станиците на Ionity се превисоки.

09/08/2021

За своето неодамнешно патување во Италија, извршниот директор на Volkswagen го избра електричниот ID.3, но тоа се покажа како лошо искуство. И тоа, не поради возилото, туку поради лошата инфраструктура за полнење низ Европа.

Дис, по враќањето јавно на социјалните мрежи упати критики кон компанијата IONITY, која е во делумна сопственост на VW Group, поради ужасното искуство кое го имал возејќи го службениот ID.3 од Германија, преку Австрија па сè до Италија.

Дис изјави дека имал потешкотии да најде функционален полнач во регионот кој ги поврзува Австрија и Италија. 

“Заради тоа продолжив да возам до Тренто” – коментираше Дис на LinkedIn, по што ја опиша станицата за брзо полнење која ја нашол во Северна Италија.

“Без тоалет, без кафе, расипан полнач…многу разочарувачки. Тоа беше сè освен премиум искуство, IONITY”

Ionity е заеднички проект во сопственост на VW, Daimler, BMW и Ford формиран во 2016 година со цел да изгради мрежа на брзи полначи во Европа која ќе биде пандан на онаа на Tesla во САД.

Германските производители се загрижени поради слабата инфраструктура за полнење на електрични возила, која ги отежнува нивните напори да и парираат на Tesla.

Критиките на Дис се надоврзуваат на коментарите на директорот на маркетинг на Volskwagen дека цените за полнење на станиците на Ionity се превисоки.

Директорот на Audi, Маркус Дусман, пак, на почетокот на годината најави дека премиум брендот во рамките на групацијата размислува за формирање своја мрежа на брзи полначи во големите градови. Сличен проект пред неколку месеци најави и Porsche.

По трикратното зголемување на продажбите на електрични возила во Европа минатата година, производителите стравуваат од појава на ред за чекање пред станиците за брзо полнење. 

Директорот на Ionity Михаел Хајеш пред неколку месеци во интервју најави дека компанијата има во план значително да ја зголеми мрежата на брзи полначи за да биде во чекор со растот на продажбите, но очигледно дека тоа не е доволно за aвтомобилските производители. 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање