Slide 1

Новитети

Нова технологија која го регулира затворањето на вентилите носи пониска потрошувачка за фејслифтот на Kia Ceed.

Slide 1

Пристапувајќи кон визуелните промени, корејскиот бренд во фокусот го има европскиот пазар каде Ceed учествува со безмалку третина од вкупната продажба на Kia.

16/07/2021

Kia неодамна ја претстави обновената генерација на моделите кои се дел од Ceed семејството.

Со оглед на тоа што овие модели уште неколку години ќе се натпреваруваат на конкурентниот европски пазар, корејскиот производител мораше да направи драстични унапредувања во понудата на своите модели во компакт класата.

Стартот на продажбата ќе биде кон крајот од годинава, што значи дека ќе се софпадне со комерцијализацијата на комплетно новите и технолошки напредни Opel Astra и Peugeot 308.

Заради тоа, на корејскиот гигант не му остана многу избор освен во Ceed да воведе серија на технолошки иновации кои ќе го направат супериорен во битката со конкурентите.

galerija1
Нови бои во понудата
Киа додава и две нови бои од кои ќе може да бираат новите купувачи - "Machined Bronze" и "Orange Fusion".
galerija1
PHEV во понудата
Безмалку 60-тина километри електрична автономија ќе биде овозможена за оние кои ќе изберат PHEV изведби
galerija1
LED во форма на саќе
GT и GT-Line изведбите ќе добијат задни светла составени од 48 LED модули во форма на саќе.
galerija1
12,3-инчна инструмент табла
Во повисоките пакети на опрема Kia вградува 12,3-инчна инструмент табла, надополнета со 10.25-инчен инфотејнмент екран осетлив на допир.
galerija1
Перфорирана кожа на менувачот
Изведбите со автоматска трансмисија ќе добиајт рачка на менувачот со перфорирана кожа.
galerija1
Европа во фокусот
Пристапувајќи кон визуелните промени, корејскиот бренд во фокусот го има европскиот пазар каде Ceed учествува со безмалку третина од вкупната продажба на Kia.

претходна
следна

Една од овие иновации е “Continuously Variable Valve Duration” (CVVD) технологијата која пред неколку години ја разви компанијата Hyundai Motor Group – во чија сопственост се брендовите Hyundai и Kia, а се вградува во новите мотори на моделите на двата бренда. Оваа технологија остварува намалена потрошувачка, зголемена ефикасност на моторот, но и намалување на издувните гасови.

Но, со оглед на тоа што слична технологија користат и дргите производители, што е она што Kia ја издвојува од конкуренцијата?

Имено, моторите со внатрешно согорување ја зголемуваат својата ефикасност преку контролирање на времето на отворање и затворање на вентилите, а исто така ја контролираат и количината на воздух преку менување на должината на времето во кое вентилите остануваат отворени. Останатите производители не се во можност независно да го контролираат затворањето на вентилите, односно времетраењето на нивно затворање мора да биде идентично со она на нивното отворање.

Kia отиде чекор понапред со тоа што успеа затворањето на вентилите да го направи временски независно од отворањето. На овој начин се овозможува независно регулирање на времето во кое вентилите остануваат отворени.

CVVD технологијата е надополнета и со системот за рециркулација на топлите гасови кои се враќаат во моторот со што дополнително се намалува потрошувачката на гориво и емисијата на азотни оксиди.

Освен ниската потрошувачка и безмалку 60-тина километри електрична автономија за оние кои ќе изберат PHEV изведба, воведувањето на серија на системи за безбедност е вториот главен адут за придобивање на купувачите.

Системот за следење на “мртов агол” сега е надграден со можност да ја преземе контролата над возилото во случај на опасност од судир со друго возило.

Новите сопственици на Kia Ceed ќе бидат побезбедни во своите возила кои сега ќе имаат технологија за сопирање при детектирана опасност, надополнета со визуелни предупредувања на инструмент таблата во случај на различни форми на опасност.

Минувачите лесно ќе ги разликуваат новите модели на Ceed по новото лого кое производителот го откри во јануари годинава.

Во однос на дизајнот, предниот дел е комплетно редизајниран, додадени се нови LED светла, а промени се најавени и во однос на моторите.

Пристапувајќи кон визуелните промени, корејскиот бренд во фокусот го има европскиот пазар каде Ceed учествува со безмалку третина од вкупната продажба на Kia.

Заради тоа нивните претставници не пропуштаат да потенцираат дека креирањето на моделите кои Kia ги продава во Европа се дело на развојниот центар во близина на Франкфурт.

GT-Line моделите ќе бидат препознатливи од останатите изведби по модулите во форма на саќе кои ги прават забележливи задните светла.

Киа додава и две нови бои во понудата: "Machined Bronze" и "Orange Fusion". Новите бои се надополнети со три нови алуминиумски бандажи: сребрени 16-инчни за основните модели, а црни 17-инчни за GT-Line моделите. Оние кои ќе платат најмногу за GT изведба, ќе бидат препознатливи по 18-инчните бандажи со црвени детали.

Во повисоките пакети на опрема Kia вградува 12,3-инчна инструмент табла, надополнета со 10.25-инчен инфотејнмент екран осетлив на допир.

Kia со сите овие унапредувања ќе се обиде да го зголеми пазарното учество во Европа и да им се доближи на бројките на бестселерите во компакт класата, како VW Golf.

Повеќе содржини за модели од компакт класата:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla