Slide

Стории

Очекувања за продажбата во 2023: раст врз основа на зголемена побарувачка, со страв од рецесија

Slide

Според ACEA (европското здружение на автомобилските производители), очекувањата се продажбата на патничките возила да забележи раст околу 5%, со што нивната бројка би пораснала на 9.8 милиони возила.

06/02/2023

Автомобилската индустрија во Европа минатата година забележа не толку солидни резултати доколку се земе предвид обемот на реализираните продажби.

Според анализите, оваа година се очекува раст од околу 13% на продажбите во земјите на ЕУ (плус Велика Британија, Исланд, Норвешка и Швајцарија).

Најголем дел од растот се очекува да биде како резултат на продажби на рентакар компании, индивидуални клиенти, како и директни регистрации од страна на дилерите и производителите.

Според ACEA (европското здружение на автомобилските производители), очекувањата се продажбата на патничките возила да забележи раст околу 5%, со што нивната бројка би пораснала на 9.8 милиони возила.

Но, важно е да се стават бројките во контекст. Имено, и доколку се остварат овие позитивни предвидувања, резултатот ќе биде продажба за 25% помала споредено со пред-пандемиската 2019 година.

Минатата година продажбите во Европа забележаа пад од 4.1%, а доколку се земат предвид само земјите на ЕУ, тој процент изнесува 4.6.

Сепак, овие бројки не се толку загрижувачки, поради фактот што најголем дел од производителите забележаа одлични профити, како резултат на давањето на приоритет на модели со повисока стапка на заработувачка. 

Ова беже нужна практика на повеќето автомобилски производители, поради недостигот на полупроводници кој ја зафати индустријата.

Последица на ова беше ситуација во која автомобилските производители беа во можност да го продадат секој автомобил што можат да го произведат.

Тоа предизвика и безмалку целосен прекин на дилерските продажни бонуси (dealer incentives), кои ќе бидат ретка појава и во оваа 2023 година, со оглед на тоа што голем дел од автомобилските производители веќе имаат нарачки за производство на возила кои се протегаат сѐ до крајот на годината.

Еден сегмент каде што се очекува забавување на растот се електричните возила. Имено, и покрај напливот на нови модели, нивните цени сѐ уште се прилично скапи, а инфраструктурата за полнење сѐ уште е во зачеток.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели