Slide 1
Slide 1

Вести

Познати 35-те кандидати за Европски Автомобил на Годината за 2020

Slide 1
Slide 1

Минатата година, традиционално пред започнувањето на саемот во Женева беше објавен добитникот за 2019 година - електричниот Jaguar I-Pace кој со 250 освоени бодови од жири комисијата изби на чело на табелата

22/10/2019

Помеѓу 35-те финалисти ќе се бара наследникот на Jaguar I-Pace, електричниот SUV кој минатата година ја однесе наградата за Европски Автомобил на Годината, организирана од COTY – најпреснижното здружение на автомобилски новинари на Стариот континент.

За победникот ќе мора да почекаме до март 2020, кога традиционално пред започнувањето на саемот во Женева ќе биде објавен победникот, а ќе се бира помеѓу 35-те финалисти кои неодамна беа објавени од страна на огранизаторот.

Трендот кој ја зафаќа Европа со експанзија на хибридни и електрични модели го очигледно го зафаќа и овој избор, па по преседанот од минатата година кога за првпат електричен автомобил ја понесе титулата, годинава помеѓу сериозните кандидати за наградата се вбројуваат и електричните Porsche Taycan, Kia e-Soul, Tesla Model 3, Renault Zoe, Mercedes EQC и Audi e-tron.

За натпреварувањето да биде поинтересно огранизаторот има најавено уште една фаза на селекција на 7-те финалисти кои ќе бидат објавени на 25-ти ноември годинава, за конечно на 2-ри март 2020 да дознаеме кој ќе добие најголем број на поени од жири комисијата составена од новинари од 23 европски земји.

Минатата година Jaguar I-Pace успеа да го освои тронот во тесна битка со Alpine A110 и Kia Ceed кој заостана зад победникот за само 3 гласа.

Во прилог актуелниот список со 35-те финалисти:

  • 1. Audi E-tron 
  • 2. BMW 1 Series 
  • 3. BMW Z4 
  • 4. BMW X6 
  • 5. BMW X7 
  • 6. DS 3 Crossback 
  • 7. Ferrari F8 Tributo 
  • 8. Ford Puma 
  • 9. Kia e-Soul 
  • 10. Mazda 3 
  • 11. Mazda CX-30 
  • 12. Mercedes-Benz CLA 
  • 13. Mercedes-Benz EQC 
  • 14. Mercedes-Benz GLB 
  • 15. Mercedes-Benz GLS 
  • 16. Nissan Juke 
  • 17. Opel Corsa 
  • 18. Peugeot 208 
  • 19. Porsche 911 
  • 20. Porsche Taycan 
  • 21. Range Rover Evoque 
  • 22. Renault Captur 
  • 23. Renault Clio 
  • 24. Renault Zoe 
  • 25. Škoda Kamiq 
  • 26. Škoda Scala 
  • 27. Ssangyong Korando 
  • 28. Subaru Forester 
  • 29. Tesla Model 3 
  • 30. Toyota Camry 
  • 31. Toyota Corolla 
  • 32. Toyota RAV4 
  • 33. Toyota GR Supra 
  • 34. Volkswagen Golf 
  • 35. Volkswagen T-Cross

 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање