Slide

Тестови

Тест: Fiat Tipo Cross 1.0 – Новитет со „Best Buy“ предиспозиции

Slide

05/03/2021

Актулната генерација на Fiat Tipo беше одлично прифатена меѓу купувачите во европските земји, кои брзо детектираа кој е потенцијалот на автомобилот со повеќе изведби во категоријата вложено/добиено.

Tipo се наметна како одлично позициониран претставник на Ц сегментот, а пристигнувањето на фејслифтот предизвика сериозен бран интерес, дополнително испровоциран од вметнувањето на кросоверска изведба во вече четиричленото семејство.

Fiat Tipo Cross во Македонија пристигна истовремено со другите европски земји, а AutoFocus доби можност за брзо запознавање со автомобилот кој го сметаме за нов модел, бидејќи не беше дел од понудата пред ова освежување.

unnamed (3)-1
unnamed-1
unnamed (18)-1
unnamed (5)-1
unnamed (6)-1
unnamed (8)-1
unnamed (9)-1
unnamed (25)-1

Exit full screenEnter Full screen
претходнапретходна
следнаследна

Tipo Cross и се однесува во тој стил, генерирајќи го целото искуство на брендот, но и на фидбекот од купувачите во сегментот, во кросовер кој истовремено е привлечен за око, членува во најпопуларната класа и доаѓа неверојатно опремен по достапна цена.

Но, да одиме со ред. Првиот впечаток секако е поврзан со дизајнот, а тука 4,36 метри долгиот Tipo Cross нема хендикеп. Поголемиот клиренс, робустноста надополнета со кровни носачи, трендовската силуета и целосните LED светла заокружуваат автомобил кој е препознатлив, но ќе биде и вистинско освежување во понудата.

Fiat ја редизајнираше и маската на предниот дел и го додаде новото лого на брендот, па заедно со заштитните пластики во црна боја и деталите на браниците во сива боја, Tipo Cross ќе биде предизвик и за купувачите кои посветуваат многу внимание на секој детаљ.

На почетокот, Tipo Cross е понуден само со новиот 1.0-литарски бензински мотор со три цилиндри, кој располага со 100 коњски сили и комуницира со 5-степена мануелна трансмисија.

Солидната моќност која е доволна за автомобил со ваков габарит е надополнета со вртежниот момент од 190 Nm, кои се постигнуваат на само 1.500 вртежи во минута. Тоа значи дека возачот добива експресен фидбек од погонот, кога има потреба за такво нешто, а турбо-бензинецот ги надминува перформансите на своите претходници, па и на многу ривалски мотори од кросовер друштвото.

Иако трансмисијата е со пет степени на пренос, покрај релаксираното возење во градски услови, Fiat посветил посебно внимание за да се добие поекономично управување на отворено и пред се на автопат. Шестиот степен би донел помала потрошувачка, но Tipo Cross во тој случај ќе биде помалку забавен и помалку флексибилен при менување не темпото.

Задоволни сме и од изолацијата во кабината која напредувала во однос на претходникот, па иако трицилиндерците по природа се гласни, во Tipo Cross моторот ќе го слушате само при нагло забрзување, кога тој ве потсетува дека има доволно капацитет да ја исполни задачата.

Покрај тоа што ги исполнува најстрогите еколошки мерки, Fiat Tipo Cross овозможува задржува пристојна економичност и потрошувачка која низ град може да се одржува нешто над 7 литри на 100 километри. Возењето на отворено и автопат очекувано носи помала потрошувачка, па и намалување на просекот.

Возачот добива добра позиција, повисока од таа кај останатите изведби на Tipo, а пријатно изненадување е и просторот кој се добива на задната клупа. Ако овој комплимент можеме да го дадеме со седиште наместено за возач висок речиси два метра, тогаш во секоја друга ситуација просторот за нозе ќе биде уште поголем.

Кога на сето ова ќе додадеме и дека основниот капацитет на багажникот изнесува 440 литри, веројатно добивате вистинска слика за функционалноста и практичноста на Tipo Cross.

unnamed (23)-1
unnamed (19)-1
unnamed (20)-1
unnamed (16)-1
unnamed (21)-1
unnamed (24)-1
unnamed (27)-1

Exit full screenEnter Full screen
претходнапретходна
следнаследна

Пред себе имате дигитална инструмент табла со многу опции за прикажување на посакуваната содржина, додека централниот екран доаѓа со интуитивно мени и важни команди за брз пристап до најважните категории. Поврзувањето со телефон и користењето на платформа како Apple CarPlay оди лесно и едноставно, а вреди да се напомене дека возачот може да ја контролира климата со класични ротирачки и команди на притискање.

Помека пластика е поставена на речиси сите делови на централната конзола каде возачот и совозачот најчесто би имале контакт, со што Tipo Cross избегнува негативен ефект, а единствено би посакале почист средишен дел со електрична, наместо класична паркирна сопирачка.

Дури и сѐ уште да имате одреден скептицизам кон кросоверот, списокот на сериска опрема повторно ќе го врати овој Fiat на врвот приоритети и фаворити во класата.

Можеби набројувањата на вклучената опрема често се досадни, но Tipo Cross едноставно заслужува да биде пофален за пакетот со кој е понуден за македонските купувачи.

unnamed (2)-1
unnamed (9)-1
unnamed (11)-1
unnamed (13)-1
unnamed (4)-1
unnamed (14)-1
unnamed (26)-1

Exit full screenEnter Full screen
претходнапретходна
следнаследна

Возачот пред себе добива дигитална инструмент табла, 7-инчен централен екран кој овозможува поврзување преку Bluetooth и со Apple CarPlay и Android Auto.

Во стандардната опрема е вклучен и адаптивен темпомат со стоп&го опција, систем за спречување несакано напуштање на лента, автономно сопирање, целосни LED светла, автоматски долги светла, 17-инчни тркала, автоматски клима-уред, паркинг сензори и уште многу елементи кои влегуваат во цената од 16.500 евра.

Купувачите често се привлечени од пониските почетни цени, но во случајот со Tipo Cross, Fiat настапува директно со вин-вин комбинација на погонска единица и опременост, со кои тешко може да се добие (бара) повеќе на ова ценовно ниво.

Примерокот кој го имавме на тест имаше дополнителна опрема од типот на камера и навигација и неколку стотини евра повеќе, а ова го нагласуваме бидејќи автомобилот кој го што го гледате на фотографиите е реална слика за тоа што се добива со цената од 16.500 евра.

За досегашните почитувачи на делото на Fiat Tipo ова е вистинско време да се испробаат во кросовер водите, а Tipo Cross зад себе има аргументи кои ја прават продажната мрежа на „Аутомобиле СК“ неизоставна дестинација при изборот на нов автомобил од овој сегмент.

Дел од конкуренцијата располага со поекстравагантен дизајн, но тоа не е проблем за Tipo Cross, бидејќи овој кросовер зрачи со самоувереност. Дури и не му пречи да го потцените, а потоа да гледа како километрите го топат скептицизмот и го претвораат во насмевка на лицетот на возачот.

Повеќе содржини за Fiat:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели