Slider

Стории

Технологијата има своја цена: Електрониката добива поголем удел, автомобилите се поскапи

Slider

Очекувањата се дека трошоците на име на електроника ќе добиваат поголем удел во вкупниот трошок и до крајот на деценијата ќе достигнат 45 проценти

06/05/2020

Технолошките иновации се интегрирани во најновите автомобили, но придобивките од нив имаат своја цена, која е и главна причина за нивното поскапување од година во година.

Ова го потврди и исцрпната анализа на „Deloitte“, чија споредба на елементите кои се користеле, односно се користат и нивната цена покажува дека зошто „компјутерите на четири тркала“ не може да се добијат за иста цена.

Анализата покажува дека во 2004 година само 25 проценти од автомобилите имале воздушни перничиња, а 50 проценти располагале со електроника на седиштата. Меѓу системите со мал процент на вклученост се и електронската контрола на стабилноста, странишни воздушни перничиња, систем за следење на движење во мртов агол и друго.

Во 2017 година, тие системи биле достапни кај барем 80 проценти од автомобилите, а меѓу системите кои станаа задолжителни е и тој за контрола на притисокот во пневматиците.

Ако се споменат уште Bluetooth поврзување, системи за гласовни команди, па дури и вештачка интелигенција, јасно е како електрониката од 18 проценти во 2000 година, денеска е заслужна за 40 проценти од трошоцит за производство на еден автомобил.

Очекувањата се дека трошоците на име на електроника ќе добиваат поголем удел во вкупниот трошок и до крајот на деценијата ќе достигнат 45 проценти.

„Deloitte“ во анализата ја споменува и цената на полупроводниците како важен дел од електронскиот систем, па ако таа изнесувала 312 долари во 2013 година, денеска е просечни 400 долари, а се очекува во 2022 година да стигне до 600 долари по автомобил.

Купувачите сакаат се повеќе и се понапредна технологија во своите автомобили, производителите се подготвени сето тоа да го понудат на различни нивоа, но тоа дефинитивно ќе влијае врз просечните цени на автомобилите.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider