Slider

Вести

Тојода: Можеби Tesla вреди повеќе на берза, но не ја потценувајте Toyota

Slider

09/11/2020

Американска Tesla успеа да направи сериозен продор на берзата и во јули стана автомобилски производител со најголема пазарна капитализација, но предводникот на доготашниот лидер Toyota, вели дека никој не смее да ја потцени неговата компанија.

Акио Тојода кој е внук на основачот на Toyota, потенцира дека јапонската групација зад себе има над 100 милиони произведени автомобили.

– Од Tesla велат дека нивниот рецепт ќе биде стандард во иднина, но она што го има Toyota е вистинска кујна и вистински готвач, – истакнал Тојода при своето обраќање во кое ги објавил финансиските резултати на компанијата.

– Губиме во однос на цената на акциите, но кога се работи за понудата, имаме целосно мени како избор за купувачите, – нагласил Тојода.

Пазарната капитализација на Tesla е поголема од таа на Toyota, иако Американците произведуваат 375.000 автомобили годишно, што е 3,4 проценти од производството на јапонскиот ривал.

Иако досега фокусот на Toyota беше на хибридните автомобили, Јапонците ја започнаа трансформацијата во процесот на електрификација и во 2025 година очекува да продава по најмалку 500.000 електрични автомобили годишно.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider