Slide 1
Slide 1

Вести

Jaguar I-Pace е Европски автомобил на годината

Slide 1
Slide 1

Точно 60 новинари од поголем број европски земји и годинава гласаа за седумте финалисти.

07/03/2019

Неверојатниот напредок на Jaguar изминатите години кулминираше со електричниот I-Pace, кој ги импресионираше и членовите на специјалното жири во изборот „Европски автомобил на годината“.

Точно 60 новинари од поголем број европски земји и годинава гласаа за седумте финалисти, а објавувањето на побе- дникот во Женева покажа дека годинава се водела жестока битка како никогаш досега во историјата на овој избор.

На крајот, Jaguar првпат го доби признанието за автомобил на годината, а I-Pace доби уште еден комплимент заедно со преостанатите педесетина награди освоени низ целиот свет.

I-Pace имаше ист број бодови со Alpine A110, но поголемиот број максимални поени доделени од жирито за електричниот SUV, му овозможи на легендарниот дизајнер Иан Калам да го подигне специјалниот трофеј кој е заслуга на големиот тим кој учествувал во развивањето и комерцијализацијата на овој електричен Jaguar.

На третото место со многу мала разлика се најде новата генерација на Kia Ceed, а пласманот продолжи со Ford Focus, Citro.n C5 Aircross, Peugeot 508 и Mercedes A-Class.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање