Slide

Новитети

10-инчен екран и нова генерација на Advanced Comfort седишта се дел од фејслифтот на C5 Aircross

Slide

Под предните светла се наоѓаат отворите за вентилација, кои исто така се значајно редизајнирани. Францускиот производител, преку затемнети стаклени елементи, воведува дизајн со 3D ефект на предниот и задниот дел.

12/01/2022

Citroën C5 Aircross е дел од SUV сегментот од 2018, па 2022 е годината во која компактниот француски SUV минува низ фејслифт фазата. Гледано од технички аспект, C5 Aircross и во иднина ќе биде поставен на EMP2 платформата, која овој модел ја дели со сестринските Opel Grandland и DS7 Crossback.

По фејслифтот, моделот ќе ги задржи бензинскиот Puretech 130 и дизелот Blue HDi 130, а ќе се нуди и плаг-ин хибрид изведбата со 225 hp.

Дизајнерските промени се лесно воочливи на прв поглед. Отсега, шевроните на логото ќе бидат вградени во хромирана рамка на редизајнираната маска, поставени врз решетката на ладилникот, наместо над неа, како што беше случај досега.

Под предните светла се наоѓаат отворите за вентилација, кои исто така се значајно редизајнирани. Францускиот производител, преку затемнети стаклени елементи, воведува дизајн со 3D ефект на предниот и задниот дел. 

Дополнителна персонализација е овозможена за оние купувачи кои ќе сакаат да се издвојат од останатите. Дел од изборот се 18-инчните “Pulsar” бандажи и кровните шини кои отсега ќе може да се нарачаат во мат изведба. Воведена е уште една нова боја на каросеријата, Eclipse Blue, а ретровизорите во иднина ќе бидат во сјајно-црна боја во серија.

Редизајнот е забележлив и во кабината, иако воланот и инструмент таблата се идентични. Новиот 10-инчен екран (за разлика од 8-инчниот во моделот пред фејслифтот) доминира на центалната конзола, под кој се поместени отворите за вентилација. Елегантните хоризонтални ленти прават јасна диференцијација од претходниот излгед на моделот пред фејслифтот.

На централната конзола повеќе не е сместена големата рачка на менувачот. Наместо неа, воведен е мал прекинувач (е-toggle), кој убаво се вклопува во дизајнот. Дополнително, инженерите од Citroën воведуваат нов отвор за предвмети и втор USB приклучок.

По нивното интегрирање во C4 и C5 X, најновата генерација на Advanced Comfort седиштата пристигнуваат и во новиот C5 Aircross. Тие сега се составени од погуст сунѓер и обложени со дополнителен слој со длабочина од 15 милиметри.

Купувачите кои ќе сакаат максимален комфор, ќе може да изберат опција за загрвање на седиштата и масажа (достапни за предните седишта).

Во зависност од нивото на опрема, седиштата може да бидат обвиени со Alcantara или перфорирана кожа. Налонот за раце и централната конзола, од друга страна, се обложени со материјал кој дава ефект на кожа. 

На задната клупа се поставени три седишта, кои може да се поместуваат хоризонтално и да се преклопуваат независно едно од друго. 

Фејслифтот треба да пристигне во салоните на почетокот на летото, а цените сѐ уште не се откриваат од страна на производителот. 

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година