Slider

Вести

127 часа за секој примерок: Bentley направи мини-филм за производството на Bentayga (Видео)

Slider

Луксузниот SUV се произведува во текот на 16 работни дена во модерната фабрика во Кру, а во видеото се опфатени дел од најспецифичните фазi, вклучувајќи ја употребата на специфична кожа и дрво, како и производството на W12 моторот на Bentayga Speed

17/01/2020

Потребни му се само 3,8 секунди да стигне до брзина од 100 км/ч, но производството на секој примерок трае 127 часа. Ова е воведот во интересното видео претставено од Bentley, во кое е опфатен процесот на производство на првиот SUV на брендот, моделот Bentayga Speed.

Луксузниот SUV се произведува во текот на 16 работни дена во модерната фабрика во Кру, а во видеото се опфатени дел од најспецифичните фазi, вклучувајќи ја употребата на специфична кожа и дрво, како и производството на W12 моторот на Bentayga Speed.

Во овој специфичен дел од процесот, 30 вработени во одделот за мотори трошат по точно 13,4 часа за вметнувањето на агрегатот со 12 цилиндри кој гарантира моќност од 635 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider