Slide 1

Стории

30 години Opel Astra: Ги претставуваме 6-те генерации на бестселерот

Slide 1

Во периодот помеѓу 1991 и 1997 година Opel успеа да продаде над 4 милиони примероци од првата генерација на Astra, со што ја оправда одлуката за промена на името од Kadett во Astra.

23/08/2021

1991-1997: Opel Astra F

Рекордната продажба на 5-тата генерација на Kadett од безмалку 3,8 милиони примероци и титулата “Автомобил на годината” во 1984 не беа доволни за да ги премислат челниците на Opel: Време беше за промена на името на бестселерот во компакт класата во “Astra”.

Во периодот помеѓу 1991 и 1997 година Opel успеа да продаде над 4 милиони примероци од првата генерација на Astra, со што ја оправда одлуката за промена на името и постави нов рекорд за најпродаван модел во историјата на брендот.

Името Astra е преземено од истоимениот сестрински модел Vauxhall Astra кој во Велика Британија се продаваше уште од 1980 година.

Првата генерација на Astra воведе серија безбедносни функционалности, како што се затегнувачите за предните појаси, кои воедно можеа да се адаптираат по висина. Беше зацврстена конструкцијата во вратите, а сите мотори на првата генерација на моделот беа опремени со катализатори.

galerija1
Opel Astra F - (5 врати)
Во периодот помеѓу 1991 и 1997 година Opel успеа да продаде над 4 милиони примероци од првата генерација на моделот Astra, со што постави рекорд за најпродаван модел во историјата на брендот.
galerija1
Opel Astra G, 1998
При лансирањето на втората генерација на Astra (пролетта 1998) беа претставени две хеџбек изведби со 3 и 5 врати.
galerija1
Opel Astra H
Продажбата на 2.7 примероци од третата генерација беше очекувана со оглед на големиот избор на мотори и седум каросериски изведби. Купувачите можеа да изберат некој од 12-те мотори во понудата, со сила помеѓу 90 и 240КС.
galerija1
Opel Astra J
За прв пат беше воведена камера која ги распознава сообраќајните знаци и го информира возачот за ограничувањата на брзината како и доколку постои опасност од непредвивено напуштање на лентата.
galerija1
Opel Astra K
Воведување на LED матрикс технологија, која беше надополнета со системите за асистенција при возењето меѓу кои и автоматското сопирање при детектирана опасност.
galerija1
Opel Astra L
Новата генерација отвора ново поглавје за моделот бидејќи ќе биде достапна и со електричен погон, а секако, достапни ќе бидат и плаг-ин хибрид изведби.

претходна
следна
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
previous arrow
next arrow

1998-2004: Opel Astra G

При лансирањето на втората генерација на Astra (пролетта 1998) беа претставени две хеџбек изведби со 3 и 5 врати. Заедно со нив пристигна и караван изведбата, а подоцна во понудата беа додадени седан, купе и кабриолет изведбите.

Втората генерација беше повод за зацврстување на ригидноста на конструкцијата. Заради подобрување на активната безбедност, за 30% беше зголемена светлината на халогените H7 светла. Зголеменото меѓуоскино растојание (+10цм во однос на Astra F) придонесе за поголем простор во кабината и поголем волумен на багажниот простор (370 литри).

2004-2009: Opel Astra H

Со оглед на големиот избор на мотори и седум каросериски изведби, не беше изненадување бројката од 2.7 милиони продадени примероци на Astra H. Купувачите можеа да изберат некој од 12-те мотори во понудата, со сила помеѓу 90 и 240КС. 

Технолошките иновации кај третата генерација вклучија електронска контрола на амортизерите, која дотогаш беше карактеристика за возилата во премиум сегементот и спортските автомобили. Повторно беше посветено внимание на светлата: во Astra дебитираше адаптивниот светлосен систем.

galerija1
Opel Astra F (1992)
Првата генерација на Astra воведе технологија за електронска контрола на пролизгувањето
galerija1
Opel Astra F (1992)
Купувачите имаа можност да изберат помеѓу 5 бензински и еден дизел мотор.
galerija1
Opel Astra F Caravan (1991-94)
Првите примероци пристигнаа во продажните салони во октомври 1991, меѓу кои и караван изведбата.
galerija1
1991 Opel Astra GSi 16V
Спортската GSi изведба беше достапна само како модел со три врати. Купувачите можеа да изберат помеѓу од 2.0 моторите со 85 kW (115 КС) или 110 kW (150 КС).
galerija1
Opel Astra F Фејслифт (1994-98)
Во 1994 Astra помина низ фејслифт, при што воздушните перници за возачот и совозачот беа воведени како стандардна опрема.
galerija1
Opel Astra Cabrio (1994-2000)
Кабриолет изведбата беше лансирана во 1994 година.
galerija1
IAA 1991, Opel
Штандот на Opel на IAA 1991
galerija1
Производство на Astra F
Opel Astra се произведуваше во фабриката на Opel во Ајзенах.

претходна
следна
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
galerija1
previous arrow
next arrow

2009-2015: Opel Astra J

Четвртата генерација на моделот доживеа крупни визуелни промени и комплетно нов дизајнерски правец. За овие промени имавме можност да поразговараме лично со дизајнерот на моделот, за време на презентацијата која се одржа во близина на Будимпешта.

Во новата генерација беа преземени неколку новитети од Insignia. За прв пат беше воведена камера која ги распознава сообраќајните знаци. Врз основа на камерата, системот го информира возачот за ограничувањата на брзината на патот. Оваа технологија алармира при детектирана опасност од ненадејно напуштање на лентата. AFL системот и овозможи на новата Astra автоматски да го адаптира светслосниот сноп или по потреба да ги вклучи долгите светла. Беше воведена нова конструкција на задниот погон, а управливоста се подобри преку нова суспензија која ги контролира страничните движења. Започнувајќи од оваа генерација, Opel посветува особено внимание на седиштата. Претставниците на брендот често нагласуваат дека нивните седишта се едни од најдобрите во автомобилската индустрија.

2015-2021 Opel Astra K

Во 2015 беше претставена нова, за 200 килограми полесна Astra. За време на премиерата пред саемот во Женева (март 2015) имавме можност да направиме ексклузивно интервју со Марк Адамс, главниот дизајнер на Opel и лидер на дизајнерскиот тим задолжен за новата Astra. Тој тогаш нагласи дека моделот станал попросторен, понизок и поштедлив како резултат на новите мотори. Во 2016 Astra ја доби и престижната награда за автомобил на годината во Европа.

И повторно, светлата беа во фокусот на инженерите од Риселсјахм, кои се фокусираа на развој на LED матрикс технологијата. Освен светлата, безбедноста беше зголемена преку неколку системи за асистенција при возењето меѓу кои и автоматското сопирање при детектирана опасност. 

2021- Astra L

Пред еден месец производителот од Риселсхајм, сега како дел од Стелантис групацијата, ја најави и шестата генерација на бестселерот. Новата генерација отвора ново поглавје за моделот бидејќи ќе биде достапна и со електричен погон, а секако, во понудата ќе бидат вклучени и плаг-ин хибрид изведби.

Astra доминира со спортскиот остар изглед кој претходно беше најавен од дизанерскиот тим на Opel. Освен импресивниот изглед, новата ера за Astra ја навестува и напредната технологија од радари и ултразвучни сензори. Се чини дека “Astra L” е подготвена повторно да се бори за вкусот на купувачите со сега веќе сестринските модели Peugeot 308 и Citroën C4, но и со “вистинските” конкуренти надвор од Стелантис групацијата, како што се Ford Focus, VW Golf и Toyota Corolla.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental