Стории
30 години Opel Rekord D – повеќе од милион произведени примероци на успешниот седан од седумдесеттите
За да создаде свој печат, дизајнерите имплементираа специфични дизајнерски елементи кај Rekord D. Таков беше уникатниот изглед на задните кровни носачи, препознатлив за американските модели од истиот период.
Кога во декември 1971 година започна со производство новата генерација на Opel Rekord, веќе имаше сериозна конкуренција, но не од останатите брендови, туку во еден модел во самата компанија: Имено 4-тата генерација на седанот за само четири години се продаде во над 1,2 милиони примероци, што претставувало нешто над 12% од вкупно произведените автомобили на Opel во претходните 70 години.
За да создаде свој печат, дизајнерите имплементираа специфични дизајнерски елементи кај Rekord D. Таков беше уникатниот изглед на задните кровни носачи, препознатлив за американските модели од истиот период. Големите прозорци и елегантните линии го дефинираа изгледот на екстериерот.
Rekord D беше достапен и во Ван изведба, која ги надополнуваше останатите три: седан со четири или две варти, спортско купе и караван.
Rekord D направи технолошки чекори во однос на претходната генерација во однос на пасивната безбедност, преку зацврстување на каросеријата заради заштита од страничен судир и превртување.
Бензинските мотори со четири цилиндри, кои беа веќе вградени во над 2 милиони возила на Opel, доживеаја дополнителни унапредувања. Основниот бензинец беше со зафатнина од 1,7l и 66 hp, додека посилниот 1,9-литарски мотор испорачуваше сила од 97 hp.
Во тој период популарни стануваа дизел моторите, па Rekord D е првото патничко возило на Opel кој имаше и дизел изведба со мотор со 95 hp.
Во март 1972 година, “Commodore B” изведбата, која беше опремена со мотори со 6 цилиндри, ја намали разликата помеѓу Rekord и моделите во повисоката класа – Admiral и Diplomat.
Показател за успехот на Record D пристигна 5 години по производството на првиот примерок, кога од производствениот погон во Риселсхајм излезе милионитиот примерок од серијата. По овој повод Opel лансираше ограничена серија со 2-литарски мотор со 100 hp и “Berlina” ентериер.
Производството на оваа славна генерација финишираше во 1977 година со скор од 1,128,196 произведени примероци, што придонесе три децении подоцна да биде запамтена како еден од успешните модели на Opel.