Slide

Вести

408 – Новиот кросовер на Peugeot изложен во ротирачка сфера во музеј во северна Франција

Slide

Моделот на Peugeot е поставен во ротирачка сфера, па посетителите може да го погледнат од сите агли.

05/08/2022

Групацијата Stellantis за следната 2023 година планира лансирање на комплетно нов модел за својот бренд Peugeot. Новиот 408 ќе започне нова моделска линија, а првите примероци се најавуваат за почетокот на следната година.

Во меѓувреме, прототип на моделот е изложен во музејот Louvre-Lens. Тоа е музеј отворен пред 10 години во градот Ланс, во северниот дел на Франција. 

Моделот на Peugeot е поставен во ротирачка сфера, па посетителите може да го погледнат од сите агли.

Оваа креација е дело на креативното студио од Париз “Superbien”.

Инаку, кросоверот со примеси на SUV и coupé, кој наскоро ќе започне да излегува од производните ленти во француската фабрика Мулхаус, е поставен на EMP2 платформата, платформа која беше развиена од страна на PSA во соработка со Toyota. Taa успешно се користи од 2013 година за моделите Citroën C4, Opel Astra и новиот Peugeot 308.

Интересно е да се напомене дека кога тековната генерација на компактот 308 започна да се развива во 2015 година, под кодното име P5, компактот требеше да прерасне во хеџбек кросовер. Но, подоцна производителот реши, сепак, 308-цата да остане во компакт изведба со пет врати, надополнета со караван (SW) изведба.

Сега, неколку години подоцна, преку 408-цата ги гледаме правците кои дизајнерите на Peugeot првично планираа да ги остварат преку компактот 308.

Новиот кросовер е наменет за купувачите на кои компакт сегментот не им е доволно просторен, а во исто време SUV модел не е опција која им одговара.

Со должина од 4.69 метри, Peugeot 408 е 5 сантиметри подолг од 308 SW. Од друга страна, 408 е значително понизок од 3008, Првиот е висок 1.48 метри, додека вториот е 1.62 метри.

Клиренсот од 19 сантиметри и пластичните лајсни од страните придонесуваат за интересен и модерен изглед на кросоверот.

Основниот мотор на 408 ќе биде Pure Tech 130 – бензински 1.2-литарски мотор со три цилиндри и 130 hp.

Најавени се два плаг-ин хибридни погони со системска сила од 180, односно 225 hp. И кај двете варијанти електричниот мотор е идентичен, со сила од 81 kW (110 hp). Разликата е во 1.6-литарскиот бензински мотор со четири цилиндри со сила од 150 hp во послабата, односно 180 hp во помоќната варијанта.

Литиум-јонската батерија ќе има капацитет од 12.4 kW. Кај сите три погонски изведби стандардно ќе биде вклучена осум-степена автоматска трансмисија.

Забележливо е дека не се најавени дизел мотори. За пазарите надвор од Европа, Французите планираат уште еден бензински мотор со 215 hp.

Веројатно во 2024 година европското портфолио ќе биде надополнето со комплетно електрична изведба. Ова може лесно да се прогнозира со оглед на тоа што групацијата Stellantis веќе најави вакви електрични изведби на сестринските, DS 4, Opel Asrta и Peugeot 30

Според најавите, на почетокот на 2023 година, Peugeot 408 најпрво ќе биде достапен во пакетите на опременост Allure и GT, a можни се и варијации на овие два пакета на опременост, како Allure Pack и GT Pack.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила