Slide

Новитети

5-тата генерација на Lexus RX нѝ носи луксузен SUV со три хибридни изведби и сила до 371 hp

Slide

Сите изведби на Lexus RS доаѓаат со електричен погон на сите тркала. Основната изведба RX 350h има системска сила од 245hp, RX 450h+ има 306hp, додека најмоќниот RX 500h има 371hp.

02/06/2022

Lexus ја претстави петтата генерација на моделот RX. Луксузниот SUV ќе биде достапен во три хибридни изведби, од кои една ќе биде плаг-ин хибрид.

При светската премиера на 5-тата генерација на RX, Јапонците претставија три електрифицирани изведби преку кои големиот SUV модел ќе се обиде да преземе повеќе купувачи на Audi, BMW и Mercedes. 

Додека понудата на претходникот беше лимитирана на стандардниот хибрид RX 450h, во иднина клиентите ќе имаат многу поголем избор. За првпат кај Lexus, во хибридната гама ќе биде вклучен и моќен турбо бензински мотор.

Новина е и новито плаг-ин хибрид RX 450h+ со голема батерија со капацитет од дури 18.1 kWh.

По лансирањето на првата генерација пред 24 години, Lexus продаде над 3.5 милиони примероци од RX, од кои над 300,000 во Европа. Сега, со 5-тата генерација и проширена понуда на погонски изведби, Toyota може да очекува повисоки продажби.

Во однос на изгледот, ноиот RX е прилично модернизиран. На претходникот, огромната решетка беше прилично високо поставена. Во однос на силуетата, дизајнерите се задржале на линијата од претходната генерација. Странично се забележуваат посилни контури, кои се забележливи и во задниот дел. Маската, на која има мали површини кои наликваат на отвори за воздух додава спортски дух.

3.5-литарскиот V6, кој претходно се вградуваше во RX450h, е сега дисконтинуиран и заменет со 2.5-литарскиот четирицилиндарец, кој нѝ е познат од Toyota RAV4. Затоа, како и во случајот со RAV4, и RX во иднина ќе биде достапен и како самополнечки хибрид (RX 350h), и како плаг-ин хибрид (RX 450h+), со голема батерија. Подоцна ќе биде достапен и уште еден најмоќен модел, RX 500h.

Во RX 500h ќе биде вграден првиот турбо бензински мотор инсталиран во хибриден модел на Toyota групацијата. Овој погон, наместо сложениот Hybrid Synergy Drive, кој Toyota го усовршуваше неколку декади, ќе користи шест-степена автоматска трансмисија која наместо хидрауличен конвертор, вклучува електричен мотор.

Како и кај двата останати модели, погонот на сите тркала ќе биде овозможен преку дополнителен електричен мотор на задната оска, без механичка врска со предната оска.

Интересни се димензиите на новиот Lexus RX. Во однос на неговата должина, тој останува идентичен како и тековниот модел. Од друга страна, се зголемуваат меѓуоскиното растојание (+60мм) и ширината (+25мм).

Во ентериерот се забележува “Tazuna” кокпитот, кој е наследен од NX и RZ. Овој концепт се фокусира на јасно и интуитивно поставени команди. 

Во релативно конвенционално дизајнираниот кокпит доминира 14-инчниот централно поставен екран, а централната конзола е насочена кон возачкото седиште.

Сите изведби на Lexus RS доаѓаат со електричен погон на сите тркала. Основната изведба RX 350h има системска сила од 245hp, RX 450h+ има 306hp, додека најмоќниот RX 500h има 371hp.

Веројатно најинтересен модел на нашиот пазар ќе биде плаг-ин хибридот. Кај него, најголем дел од силата доаѓа од електричните мотори наместо од моторот со внатрешно согорување, па затоа возните карактеристики би требало да бидат значително подобрени.

Најголема предност на оваа изведба е 18.1 kWh големата батерија. Според првичните мерења, таа би требало без проблеми да овозможи електрична автономија од 65 километри. Но, RX 450h+ може да вози со максимална брзина од 135km/h без да се вклучи бензинскиот мотор. 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск