Вести
70-годишнината на Abarth носи лимитирана серија во салонот во Скопје
Максималната брзина изнесува 225km/h (доколку задниот спојлер е поставен во позиција со агол од нула степени)
Новата специјална едиција Abarth 695 70th Anniversario која беше лансирана по повод одбележување на основањето на Abarth & C. во 1.949 година пристигна во салонот на Automobile SK во Скопје.
Имавме специјална можност одблизу да го погледнеме овој модел и да ви ги пренесеме нашите импресии.
Аналогијата со бројките е во основата на креирањето на оваа серија. Лимитираните 1.949 произведени примероци се поврзани со основањето на компанијата од страна на Carlo Abarth кон крајот на првата половина од минатиот век.
Поврзаноста на оваа едиција со идеите и фокусот на основачот на брендот се илустрира и преку иновативното решение – адаптивен спојлер кој може да се помести во 12 различни позиции на аголот помеѓу 0 и 60 степени.
Она што привлекува внимание на прв поглед се Brembo сопирачките со кои е опремен секој модел од оваа серија, а кои имаат 305-милиметарски дискови на предните, односно 240-милиметарски на задните тркала.
Моделот кој го фотографиравме е достапен за само еден купувач од нашата земја, а е во темно зелена боја брендирана како “Green Monza 1958”.
695 70th Anniversario пристигнува со 1.4-литарски Турбо мотор со максимална сила од 180КС и вртежен момент од 250Nm при 3.000rpm.
Максималната брзина изнесува 225km/h (доколку задниот спојлер е поставен во позиција со агол од нула степени)
Повеќе информации за уникатниот примерок може да погледнете на сајтот на Abarth
https://abarth.mk/
Погледнете повеќе наши содржини поврзани со спортски автомобили: