Slide

Стории

80% од компонентите на наследникот на Nissan Micra ќе бидат идентични со оние на електричниот Renault 5.

Slide

Производството на актуелната генерација во Флинс беше прекинато минатата година.

08/02/2023

Наследникот на Nissan Micra ќе биде развиен и произведуван од страна на Renault, а 80% од компонентите во него ќе бидат идентични со комплетно електричниот Renault 5.

Ова е еден од илустративните примери за тоа како во иднина ќе функционира обновената алијанса помеѓу Renault и Nissan.

Ваквите најави стануваат возможни по обновувањето на алијансата кое го најави Лука Де Мео, извршниот директор на Renault. За споредба ваквата практика не беше возможно да се имплементира со актуелната генерација на Micra, бидејќи одлуката за нејзино производство во фабриката на Renault во Флинс, Франција беше наметната од страна на Renault..

“Тоа не беше добро решение” изјави де Мео. “Трошоците, самиот автомобил, целата операција не беше добро изведена. На менаџментот на Nissan му беше наметнато да прифати нешто што не сакаат”, додава тој.

Имено, производството на Micra беше преместено од фабрика во Индија во фабрика во Флинс (Франциај), за подобро да се искористат производствените капацитети на Renault кои се наоѓаат на територијата на Франција.

Наследникот на Micra ќе му овозможи на Nissan ефикасна можност за влез во електричниот сегмент на мали градски автомобили. “Тоа е многу компетитивно решение. Ние не ги натеравме Nissan да го изберат овој концепт, тоа беше нивен избор”, додава де Мео.

Споменатиот наследник на Мicra се очекува да биде подготвен во 2026 година. Ќе се произведува во фабрика на Renault во северна Франција. Таа фабрика ќе биде еден од трите најавени производствени центри на производителот кој ќе се специјализираат за производство на електрични возила и компоненти, вклучувајќи ги и батериите. Во истата фабрика ќе се произведува и хеџбекот, електричниот Renault 5.

Реструктурирањето на алијансата овозможи Nissan да прифати производство на електричен наследник на Micra. Имено, првичниот план беше Nissan да нема електричен автомобил во тој сегмен, но се смета дека де Мео имал клучна улога во убедувањето на менаџментот на јапонскиот производител да се вклучи во проектот.

Производството на актуелната генерација во Флинс беше прекинато минатата година. 

Производството на Micra во Флинс, каде Renaul ги произведува  електричниот модел Zoe, не беше најдобра опција за Nissan. За споредба, Renault реши да го произведува својот модел во “B” сегментот – малиот Clio во Турција, со што успева да ги одржи трошоците на пониско ниво. 

Но, сега новата Micra ќе има нова технологија, ќе биде многу компетитивна, па пресметките навестуваат одлична иднина за малиот модел.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа