Slide 1

Новитети

800-волтната технологија на Кia EV6 овозможува полнење на батеријата до 80% за само 20 минути

Slide 1

800-волтниот систем за полнење, каков за споредба, е интегриран и во спортскиот Porsche Taycan, овозможува максимален капациет на полнење од 350 kW, при максимални 200 ампери.

15/10/2021

Kia го нуди комплетно електричниот автомобил EV6 со еден електромотор кој ја продвижува предната оска, но купувачите ќе може да изберат и AWD изведба која има дополнителен погон на задната оска. Оние кои ќе се решат за втората опција, во комбинација со поголемата батерија, ќе добијат поголеми перформанси (229 hp), но исто така и поголема автономија.

Kia EV6 е поставен на E-GMP (Electric Global Modular Platform) развиена од Hyundai Motor, кој е сопственик на брендот Kia. Заради тоа, EV6 ја дели технологијата со Hyundai Ioniq 5 и идниот Genesis GV60.

EV6 има уникатна заоблена форма. Веднаш се забележуваат надворешните ретровизори кои се заоблени на краевите и спортскиот спојлер како продолжение на кровот. Дизајнерите на Kia интересно ја поставиле рачката за отворање на багажникот, која се наоѓа во просторот помеѓу двата LED кластери и капакот од багажникот. Предните светла се дизајнирани на начин кој ја потенцира LED технологијата, а LED Matrix светлата ќе бидат достапни со доплата.

Следејќи го најновиот тренд во автоиндустријата – Kia креираше ентериер кој не содржи кожа од животинско потекло. Наместо тоа, седиштата се направени од перфорирана вештачка кожа, која на фотографиите и снимките од IAA Mobility минатиот месец во Минхен, делува прилично автентично.

Централниот екран и дигиталната инструмент табла се вградени во еден елемент, слично како кај новата Mokka. Сепак, инженерите од Kia се погрижиле најголемиот дел од потребните информции за време на возењето да се проектираат на Head-up дисплејот, кој ги надополнува овие два елементи.

На него се појавуваат стрелки при влегување во свиоци, а дополнително се проектира и максималната дозволена брзина на патот.

На фотографиите се забележува елегантниот чист дизајн на дигиталната инструмент табла. Највпечатлив податок е оној кој е најважен кај електричните автомобили – преостанатата автономија. 

Тука, покрај автономијата се наоѓа и информацијата за избраниот степен на рекуперација. 

Имено, во однос на рекуперацијата, различни производители избрираат различен пристап. Во некои нови модели, како Volvo C40, воопшто не може да се избегне режимот “B”, па возачите постојано ќе возат со најсилен степен на рекуперација. 

Концептот на Volvo се базира на поедноставување на сетинзите, надевајќи се дека сопствениците бргу ќе се навикнат да го управуваат автомобилот само со притискање и отпуштање на педалата за забрзување, без употреба на сопирачките. Од друга страна, сопствениците на EV6 ќе можат да изберат еден од дури 6-те достапни степени на рекуперација. Во следните неколку години ќе видиме кој концепт ќе наиде на подобра прифатеност од возачите.

Во задниот дел очигледен е големиот простор во кој комотно ќе се чувствуваат и високите патници. Од презентацијата се забележува ниското седење, односно високиот под, кој е карактеристичен за електричните автомобили, со оглед на тоа што големата батерија се наоѓа веднаш под нозете на патниците на задната клупа.

Уште едно интересно решение: два дополнителни USB-C приклучоци се поставени во потпирачот за раце кој се извлекува од задните седишта.  

Како и кај дел од останатите електрични возила, EV6 има дополнителен багажен простор под хаубата. Во изведбата со погон на задните тркала, неговиот капацитет е дури 52 литри. Во изведбата со погон на сите тркала, дел од овој простор е зафатен од дополнителниот електричен мотор, па остануваат 20 литри слободен волумен. 

Што се однесува до возењето, достапни се три режими на возење. Изборот на режимот влијае врз силата, односно максималниот вртежен момент и управувањето, но не ја менува суспензијата на овој, безмалку два тона тежок SUV. 

Уште една функционалност, која не е под влијание на режимите на возење е рекуперацијата. Како што веќе спомнавме, возачот ја прилагодува нејзината функција преку две рачки поставени странично зад воланот. Со повлекување на левата рачка се избира еден степен подолу, додека со повлекување на десната – рекуперацијата се зголемува. 

Се очекува при 6-тиот степен на рекуперација возачот да може да забрзува и сопира само со десната нога, преку притискање и отпуштање на педалата за забрзување. 

Оправданоста за ваквиот модел на рекуперација е огромната заштедата на енергија, која се враќа во батеријата. 

Во конфигурацијата со еден мотор, EV6 е придвижувано од електричен мотор на задната оска, кој има сила од 168 kW (229 hp). Моторот ја добива енергијата од батеријата со капацитет од дури 77.4 kWh. 

Но, дали 229 hp се доволни за овој тежок сув од 2 тона? Потврдата доаѓа преку лесна пресметка: EV6 забрзува од 0-100 km/h за 7.3 секунди, со максимална брзина од 185 km/h. 

Доколку, сепак, сакате вистински спортски перформанси, нема потреба да барате друг модел, потребно е само да ја изберете GT верзијата, која од 0-100 km/h ќе ве катапултира за неверојатни 3.5 секунди.

Голема разлика во перформансите прави избраниот режим на возење. Како и кај конкурентите, Eco режимот е наменет за движење низ урбани средини и значително ја зголемува автономијата. Но, за искористување на максималниот капацитет на електромоторот и вртежниот момент, ќе биде потребно да се избере спортскиот режим.

Впечаток е дека инженерите во Kia најмногу се потрудиле во однос на брзината на полнење на нивниот SUV. 800-волтниот систем за полнење, каков за споредба, е интегриран и во спортскиот Porsche Taycan (развиен од добавувачот Hitachi), овозможува максимален капациет на полнење од 350 kW, при максимални 200 ампери. 

Пресметано во време, ова значи дека EV6 може да се наполни од десет до осумдесет проценти за само 20-тина минути. 

При полнење со брзина од 50 kW, за истиот процес се потребни повеќе од еден час. Со полна батерија EV6 може да помине помеѓу 500 и 530 километри во зависност од големината на тркалата.

Но, тука не застануваат инженерите од Кia. По примерот на електричниот Ford F150, автомобилот има V2L адаптер, кој е достапен како опција. Со него, EV6 може да ја користи енергијата во батеријата за да полни (со капацитет од 3.6 kW) друг електричен автомобил или електричен велосипед, на пример. Но, штом капацитетот на батеријата на EV6 падне под 20%, споделувањето на енергија престанува.

Испораките на EV6 со 77.4 kWh батерија и заден погон ќе започнат за десетина дена во Европа, со почетни цени од околу 50.000 евра. 

За споредба, цените на VW ID.4 започнуваат од околу 45.000 евра (Германија), со батерија која има безмалку идентичен капацитет и заден погон со 204 hp.

Но, сепак, кросоверот на VW е 10 сантиметри покус, има нешто помала автномија според WLTP, има 13 сантиметри покусо меѓуоскино растојание и во основната конфигурација има нешто помалку опрема. Доколку се споредат слични нивоа на опрема, ценовната разлика значително се намалува, па при изборот на омилен електричен автомобил останува да пресуди вкусот на купувачите.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental