Slider

Вести

ABT извлече застрашувачки 740 кс и 900 Nm од Audi RS Q8

Slider

Конкретното име на проектот е Audi RSQ8-R, а тоа значи дека овој 4.0-литарскиот V8 мотор на овој автомобил стигнува до 740 коњски сили, додека вртежниот момент се искачи до 920 Nm

14/08/2020

Германски ABT Sportsline реши повторно да си „поигра“ со Audi RSQ8 и да го надгради и онака најмоќниот тјуниран SUV како дел од подготвките за одбележување на својот 125. роденден.

Конкретното име на проектот е Audi RSQ8-R, а тоа значи дека овој 4.0-литарскиот V8 мотор на овој автомобил стигнува до 740 коњски сили, додека вртежниот момент се искачи до 920 Nm.

Автомобилот потпишан од ABT добива специјален бодикит и елементи за подобрување на аеродинамиката, но главната тајна е поврзана со електронскиот уред кој го контролира моторот и обезбедува поголема моќност од него.

Максималната брзина ќе биде 315 км/ч, додека од место до 100 км/ч се стигнува за 3,4 секунди.

ABT вметна и свои, полесни 23-инчни тркала, како и одредени промени во кабината каде се добива уште поспортски ентериер, овaa RSQ8-R изведба ќе биде продадена во само 125 примероци, при што секој примерок ќе биде нумериран.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider