Slide

Стории

ADAC екотест: Hyundai Ioniq и Volvo V60 со најдобра оценка во споредба на PHEV модели

Slide

14/12/2020

Плаг-ин хибрид моделите постојано ја зголемуваат популарноста меѓу европските купувачи, а на нивната зголемена прифатеност влијаат и позитивните аспекти од нивното користење, поголемиот избор и државните субвенции во повеќе европски земји.

Електрифицираните изведби се присутни во повеќе сегменти, а основниот принцип на плаг-ин хибридите е да го користат солидниот капацитет на батеријата, за што поретко користење на бензинскиот (во некои случаи и дизел) мотор, а автономијата на електричен погон се движи меѓу 40 и 60 километри.

Германскиот авто-клуб ADAC реши да направи екотест на дваесетина PHEV модели, а само два од нив добиле четири од пет можни ѕвездички. Интересно е што претставниците на премиум брендови како што се Mercedes и BMW освоија само една ѕвездичка, а пред се поради поголемата потрошувачка при возење во хибриден режим.

Експертите на ADAC ги тестирале сите модели во три категории, односно потрошувачка при возење во хибриден режим со полна батерија, потрошувачка при возење на електричен погон и потрошувачка во хибриден режим со испразнета батерија.

Најдобра оцена добија Hyundai Ioniq PHEV чија просечна потрошувачка со испразнета батерија била 5,2 литри, а блиску до него со бројките е и Volvo V60 T6 Twin Engine AWD, за кој и реално е да биде помалку економичен поради поголемата тежина.

 (1. електрична автономија 2. оценка загадување 3. оценка co2 4. вкупна оцена)

(1. електрична автономија 2-3. потрошувачка во хибриден режим со полна батерија 4. потрошувачка на електричен погон 5. потрошувачка во хибриден режим со испразнета батерија)

Советот на експертите на ADAC е постојано да се полни батеријата и да се внимава на вкупната тежина на автомобилот за да се добијат поголеми придобивки од плаг-ин хибрид погонот.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба