Slide

Стории

Акио Тојода претстави мал електричен кросовер и уште 15 концепти на Toyota и Lexus наменети за Европа

Slide

Кросоверот ќе биде еден од 30-ината модели со електричен погон кои Toyota планира да ги лансира до 2030 година.

15/12/2021

Преку онлајн презентација, извршниот директор на Toyota, Акио Тојода, претстави голем број на електрични концепти, меѓу кои и нов мал кросовер кој ќе биде лансиран по комерцијализацијата на компактниот SUV bZ4x. Електричната офанзива е дел од напорите на Toyota за забрзана влез на пазарот на комплетно електрични автомобили.

Според Акио Тојода, извршниот директор на Toyota, производителот ќе ја прошири европската гама на модели со мал, комплетно електричен кросовер со многу ефикасен погон. Кросоверот ќе биде еден од 30-те модели со електричен погон кои Toyota планира да ги лансира до 2030 година.

Toyota не го објави датумот на комерцијализација за малиот кросовер, но од Toyota Europe изјавија дека работат со рапидно темпо на комерцијализацијата на моделот.

Моделот, именуван како “bZ Small Crossover”, ќе биде дел од bZ гамата на Toyota, акроним кој означува “Beyond Zero”.

Новиот модел беше прикажан заедно со уште 11 останати модели на Toyota за време на онлајн презентација на која производителот ја презентираше својата стратегија во однос на електричните модели.

Според неа, до 2030 година Toyota треба да ја зголеми годишната продажба на комплетно електрични автомобили на 3.5 милиони примероци.

Досега производителот се фокусираше на хибридните модели за да ги исполни Co2 нормите, особено во Европа.

За време на презентацијата, менаџментот на Toyota го опиша новиот модел како “мало електрично возило со комфорен ентериер, дизајниранo за европските и јапонските купувачи”.

Toyota најавува дека овој модел ќе има највисока ефикасност во својот сегмент, со потрошувачка од 125 Wh по километар, односно 12.5 kWh на 100 километри. На презентацијата не беа презентирани споредбени податоци со перформансите на актуелните електрични модели на конкурентите.

“Додавањето на батерии за да се зголеми автономијата, предизвикува возилото да стане поголемо, потешко и поскапо” – изјави Тојода. “Поради тоа што овој SUV е мало возило, моравме внимателно да се фокусираме на еден аспект. А тоа е ефикасноста на енергијата” – додава тој.

Во моментов во понудата на мали електрични SUV модели во Европа доминираат Peugeot е-2008, Opel Mokka и Hyundai Kona. Се очекува лансирање на мал електричен SUV oд страна на Renault, чиј екстериер е инспириран од легендарниот 4L модел од шеесеттите години на минатиот век.

Дизајнот, пак, на прикажаниот концепт на Toyota го следи дизајнерскиот тренд на новолансираниот Aygo X, кој ја комбинира хеџбек формата со дополнителна висина и дизајн кој асоцира на SUV модел.

Toyota веќе подготвува нова платформа за производство на електрични модели во Европа, наречена E3. На неа ќе може да бидат интегрирани хибридни, плаг-ин хибридни и комплетно електрични погони, во зависност од пазарните услови и вкусовите на купувачите.

Според Мат Харисон, извршниот директор на Toyota Europe, Е3 платформата ќе му овозможи на производителот да го адаптира миксот на погоните на своите модели во зависност и од локалната мрежа на брзи полначи.

Toyota не објави дали малиот SUV ќе биде поставен на E3 платформата или, пак, на глобалната е-TNGA, на која иницијално ќе биде поставен bZ4x, како и останатите електрични модели, вклучувајќи го тука и Lexus RZ.

Малиот електричен SUV се очекува да има поголеми продажби во Европа споредено со bZ4x, кој со својата должина од 4,690мм е поголем од најдобро продаваните компактни кросовери во Европа.

Toyota исто така, не објави кои од 15-те прикажани концепти на групацијата (вклучувајќи ги тука и моделите од премиум брендот Lexus), ќе бидат наменети за Европа.

Но, помеѓу оние кои се соодветни за регионот, спаѓа уште еден компактен кросовер кој е дел од bZ гамата, како и еден SUV во форма на купе, именуван како “Small SU EV”

На презентацијата беше прикажан и седан како дел од bZ гамата, иако во Европа е очекувано да преовладаат кросоверите и SUV моделите.

Според Toyota “најголем дел од концептите ќе стигнат до сериско производство”

Помеѓу останатите концепти кои беа претставени беше и електричниот пикап кој би ја надополнил понудата на Hilux, како и компактен електричен офроуд модел, кој е надградба на моделот BJ, а сега именуван како Compact Cruiser EV. 

За крај, беше прикажан и спортски двосед именуван како Sports EV, кој може да биде ривал на електричниот Lotus кој се очекува да биде лансиран во 2025 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа