Slider

Вести

Alfa Romeo доби нов европски шеф

Slider

Леклер е Французин кој претходно има работено и за Honda и PSA Group, додека го наследува Каваџони за кого Alfa Romeo објави дека ја напушта компанијата

01/04/2020

Италијанскиот бренд Alfa Romeo доби нов европски шеф, откако Арно Леклер ја доби позицијата која досега ја извршуваше Алберто Каваџони.

Леклер досега беше одговорен за операциите на Alfa Romeo во Велика Британија и Република Ирска, а во иднина ја презема функцијата за цела Европа, одговорност која ќе треба да ја оправда со подобрување на резултатите на брендот.

Леклер е Французин кој претходно има работено и за Honda и PSA Group, додека го наследува Каваџони за кого Alfa Romeo објави дека ја напушта компанијата.

Една од најважните причини за овој потег на раководството на FCA сигурно е послабата продажба во 2019 година, па Леклер со актуелната понуда и очекувањето на засилено портфолио ќе треба да ги подобри бројките на Alfa Romeo.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider