Slide 1
Slide 1

Вести

Alfa Romeo Giulia е најдобар седан според германски „Auto Motor und Sport“

Slide 1
Slide 1

11/02/2021

Признанијата на Alfa Romeo Giulia формираат долг список, чија содржина се зголемува од година в година, а најновата награда стигна од угледниот германски магазин „Auto Motor und Sport“.

Медиумот кој има голема читателска публика и годинава ги додели признанијата „Best Cars“, а меѓу седаните од увозните брендови издоминира Giulia, која ја доби наградата четири пати во последните пет години.

Моделот на Alfa Romeo оставил зад себе 14 ривали и стигнал до 22 проценти од гласовите за конкретната категорија, во анкетата во која учествувале над 100.000 читатели на германскиот магазин.

Италијанскиот бренд ја задржува посебно важната популарност на најголемиот европски пазар, а во овој избор одлично котира и со моделите Stelvio и Giulietta, кои биле на третото, односно второто место меѓу увозните модели во своите категории.

Повеќе содржини за Alfa Romeo:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови