Slider

Вести

Alfa Romeo Giulia собра четири награди од читателите на „Sport Auto“

Slider

Основната изведба на Giulia продолжи да доминира во категоријата на спортски седани од увозен бренд со цена не поголема од 50.000 евра, со 45 проценти од бројот на вкупни гласови

13/11/2020

Седанот Giulia во сите свои изведби ја покажува автентичната спортска ДНК на брендот и продолжува да собира награди и признанија не само од специјализираните новинари, туку и од читателите.

Тоа е случај и со наградите за најдобри спортски автомобили за 2020 година доделени од гeрманскиот магазин „Sport Auto“, чии читатели гласале за најдобрите во повеќе категории.

Основната изведба на Giulia продолжи да доминира во категоријата на спортски седани од увозен бренд со цена не поголема од 50.000 евра, со 45 проценти од бројот на вкупни гласови.

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio со 510 коњски сили втора година по ред е прогласен за најдобар седан од негерманска марка со цена под 100.000 евра, освојувајќи 47,5 проценти од гласовите, а Alfa Romeo 2.0 Turbo Veloce стигнала до 39,4% од гласовите за прво место меѓу увозните спортски седани со цена до 75.000 евра.

Четворката е  заокружена со неодамна претставената ограничена серија на Giulia со наставка GTAm, која го доби признанието за најдобар модел во конкуренција на автомобилите поскапи од 100.000 евра, а во ова престижно друштво се освоени 44,7 проценти од гласовите.

– Сакам да им заблагодарам на читателите на „Sport Auto“ за нивниот постојан ентузијазам во однос на Alfa Romeo Giulia. Изминативе четири години нашиот седан доби девет награди како победник во својата класа, а за нас е посебна привилегија да ги добиеме овие признанија бидејќи се реален сентиментален барометар во индустријата на спортски автомобили, – изјавил Николо Бјаџоли, претставник на Alfa Romeo.

Во одлуката за доделување на признанијата на „Sport Auto“ учествувале над 13.000 читатели.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider