Slider

Вести

Alfa Romeo ќе биде дел од Формула 1 и во 2021 година

Slider

29/10/2020

Соработката меѓу Alfa Romeo и Sauber ќе продолжи и следната година, со што италијанскиот бренд останува главен спонзор на тимот кој годинава го претставуваат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

Партнерството на двете потврдени имиња во моторспортот започна во 2018 година, а Alfa Romeo го користи и за развивање на своите најспортски изведби, кои вклучуваат технолошки иновации кои Sauber ги користи во Формула 1.

За да го одбележи продолжувањето на договорот, односно останувањето во Формула 1, болидите на Alfa Romeo ќе имаат специјален дизајн на следната трка во Имола, а ќе биде вклучено и логото со кое Alfa Romeo го одбележува својот 110. роденден.

– Трките и перформансите се во ДНК на Alfa Romeo. Брендот фактички е роден на патека и денеска продолжуваме да се натпреваруваме на највисоко ниво. Соработката со Sauber исто така ќе им овозможи на нашите купувачи да добијат ексклузивни иновации, како што е случајот со Giulia GTA и Giulia GTAm, каде се вклучени технички новитети пред се поврзани со активната аеродинамика, – вели Мајк Менли, CEO на FCA во чие портфолио е и Alfa Romeo.

Екипата потврди дека и следната сезона болидите ќе ги управуваат Раиконен и Џовинаци.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider