Вести
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Alfa Romeo на 24. јуни ќе го прослави 111. роденден, а за таа цел се организирани повеќе настани, на кои ќе присуствуваат и фанови на италијанскиот бренд.
Компанијата A.L.F.A е формирана во 1910 година, за осум години подоцна да стане Alfa Romeo, откако била откупена од бизнисменот Никола Ромео.
Марката стана препознатлива во однос на привлекување на автомобилските ентузијасти, кои низ годините ги следеа сите развојни години и ја ширеа страста за Alfa Romeo на глобално ниво.
Брендот одлучи да го одбележи роденденот со настани кои ќе траат четири дена во сопствениот музеј во Арезе, чии посетители традиционално можат да се запознаат со најзначајните модели на Alfa Romeo.
Настанот ќе биде отворен со парада на која може да учествуваат сите сопственици на автомобил од долгата историја на италијанскиот производител, на учесниците ќе им биде препорачано да носат облека во црвена боја, боја во која ќе бидат и маските кои ќе им бидат доделени од организаторите.
Alfa Romeo реши да го искористи овој настан и да ги испорача првите примероци на Giulia GTA/GTAm на купувачите кои први поралаче еден од петстоте примероци кои ќе бидат произведени од оваа специјална изведба.
Покрај тоа што во музејот ќе биде изложен примерок на Формула 1 болид од тимот на Alfa Romeo, посетителите на настанот ќе имаат можност да ги следат случувањата на Ф1 викендот во Австрија преку специјални проекции.
Повеќе содржини за Alfa Romeo: