Slide 1

Вести

Alfa Romeo ќе лансира по еден нов модел годишно сè до 2026, а Lancia ќе доживее експанзија надвор од Италија

Slide 1

Уште една интересна новина е потврдата дека по 2027 година, Alfa Romeo ќе лансира само електрични модели. (Alfa Romeo Tonale концепт)

07/10/2021

Започнувајќи со моделот Tonale, Alfa Romeo ќе започне циклус во кој ќе лансира по еден нов модел во секоја од следните 5 години.

Ова вчера уште еднаш го потврди извршниот директор на брендот, Жан-Филип Импарато, за време на состанок со претставници на дилерската мрежа. Потоа, неговите забелешки беа потврдени и од групацијата Stellantis.

Уште една интересна новина е потврдата дека по 2027 година, Alfa Romeo ќе лансира само електрични модели.

Моделот Tonale, чие производство требаше да стартува до крајот на годинава, ќе биде претставено во март следната година, а продажбите во Италија ќе започнат во јуни. 

Извршниот директор на Lancia, Лука Наполитано, за време на истиот настан изјавил дека му го презентирал новиот 10-годишен план за брендот на извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес. Lancia во моментов има концепт кој вклучува еден активен модел, тоа е моделот Ypsilon, кој се продава само во Италија.

Стратегијата на Lancia предвидува експанзија на брендот на останатите европски пазари, вклучувајќи ги Франција, Германија и нордиските земји. Фокусот ќе биде на големите градови, а улогата на Lancia ќе биде да ја комплетира премиум понудата на групацијата, заедно со Alfa Romeo и DS.

“Нашата цел е Lancia да стане достапна на пазарите кои најмногу продаваат електрични возила, бидејќи по 2026 ќе произведуваме само возила со електричен погон” – изјавил тој на дилерскиот состанок.

Сакаме да се позиционираме во високиот премиум сегмент. Не планираме да го дисконтинуираме моделот Ypsilon, туку да направиме многу повеќе врз основа на тој модел”, – изјавил Наполитано, додавајќи дека брендот планира да лансира три нови модели до 2028 година.

Групацијата Stellantis беше формирана на почетокот на годината преку спојувањето на Fiat Chrysler и PSA Group. Помеѓу 14-те активни брендови на Stellantis се наоѓаат и Alfa Romeo, Lancia и DS, преку кои групацијата ќе биде застапена во премиум сегментот.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental