Slide 1

Вести

Alfa Romeo повторно триумфираше на легендарната трка „1000 Miglia“

Slide 1

21/06/2021

Alfa Romeo го предводеше италијанскиот подиум на 39. издание на легендарната трка на класици „1000 Miglia“ која се возеше изминатите неколку дена.

Околу 400 легендарни модели од различни брендови возеа на рутата Бреша-Рим-Бреша која традиционално е поврзана со „најубавата трка на светот“, а на крајот победата ја однесе италијански екипаж зад воланот на една од најкултните примероци на трката.

Победија Андреа Веско и Фабио Салвинели зад воланот на Alfa Romeo 6C 1750 Super Sport, примерок произведен во 1929 година, додека зад нив се најдоа два екипажа со Lancia Lambda Spider Casaro.

Посебна гордост за Alfa Romeo е што сите автомобили учесници на овој бренд пристигнаа безбедно на целта, а зад воланот на 1900 Super Sprint од 1956 година беше Џон Елкан, претседателот на Stellantis, на кого друштво му правела неговата сопруга Лавинија Боромео.

Alfa Romeo ја поддржа трката „1000 Miglia“ и со своите актуелни модели, како и највозбудливата изведба на Giulia, таа со наставка GTA/GTAm, која располага со 540 коњски сили и ќе биде продадена во само 500 примероци.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla