Slide

Вести

Alfa Romeo се откажува од Giorgio и ќе користи Stellantis платформа

Slide

26/04/2021

Жан-Филип Импарато беше поставен како нов CEO на Alfa Romeo со цел да го предводи проектот во кој италијанскиот бренд ќе има многу поголеми амбиции, базирани и на посодржајна понуда на модели.

Актуелните Giulia и Stelvio се импресивни автомобили, но далеку од доволни за реализација на потребните бројки, а во рамките на редефинирањето на стратегијата, премиерата на Tonale беше одложена барем до следната пролет.

Во меѓувреме, Импарато потврди дека Alfa Romeo во иднина нема да ја користи платформата Giorgio, туку во процесот на електрификација ќе презема платформи од групацијата Stellantis, со кои побрзо и со помали трошоци ќе ја надгради понудата.

Главниот проблем за Giorgio е што таа платформа не е предвидена за брза електрификација и строги еколошки норми, па затоа одличните возни карактеристики кои ги овозможува, во иднина ќе ги искористи само Maserati и тоа за моделот Grecale, кој ќе му биде ривал на Porsche Macan.

Повеќе содржини за Alfa Romeo:

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година