Slide 1

Вести

Alfa Romeo со култна постава на легендарната трка „1000 Miglia“

Slide 1

15/06/2021

Новото издание на трката „1000 Miglia“ започнува утре на традиционалната рута Бреша-Рим-Бреша, а Alfa Romeo повторно ќе ги воодушевува автомобилските фанови со својата постава во која ќе биде вклучени четири легендарни модели и нивните современици.

Италијанскиот бренд најави дека годинава ќе учествува со 6C 1500 Super Sport од 1928 година, 1900 Sport Spider и 2000 Sportiva од 1954 година, како и 1900 Super Sprint од 1956 година.

На ова 39. издание на како што ја нарекуваат „најубавата трка на светот“, ќе учествуваат околу 400 легендарни модели од различни брендови, но Alfa Romeo повторно ќе биде во центарот на вниманието со своите култни автомобили кои низ минатото испишуваа моторспорт историја.

Четирите автомобили ќе бидат управувани од искусни екипажи, а интересно, зад воланот на 1900 Super Sprint ќе биде Џон Елкан, до неодамна првиот човек на FCA, а сега претседател на групацијата Stellantis.

Alfa Romeo на 24. јуни ќе го прослави својот 111. роденден, па и ова издание на „1000 Miglia“ ќе биде искористено за претставување на актуелните модели на брендот.

Giulia и Stelvio ќе бидат дел од конвојот и поддршка за учесниците, а најмногу внимание ќе предизвика новата Giulia GTA/GTAm, која се продава во ограничен број примероци и со своите перформанси е поставена над Quadrifoglio изведбата.

Giulia GTA е инспирирана од Giulia GTA од 1965 година, а современата изведба располага со 2.9-литарски мотор со 540 коњски сили.

Повеќе содржини за Alfa Romeo:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla