Slide 1

Вести

Alfa Romeo со технологија која го реплицира амбиентот на пет италијански локации на прозорците на Stelvio

Slide 1

02/04/2021

Во ситуација кога патувањата се ограничени како еден од негативните ефекти од актуелната пандемија, Alfa Romeo се погрижи за интересна иновација, која ќе ја користи кај моделот Stelvio.

Италијанскиот производител објави дека инспирацијата од популарните Инстаграм филтери е искористена за специјална електрохроматска технологија наречена Nuova Luce (нова светлина), која ќе активира пет различни филтери на прозорците во автомобилот.

Засега филтрите се поврзани со пет карактеристични амбиенти поврзани со пет италијански градови, па во сериската опрема на Alfa Romeo Stelvio, ќе биде вклучен нов виџет во инфо-забавниот систем, преку кој возачот или совозачот ќе ги активира филтрите.

Додека се возите со Stelvio, може да уживате во околината со светлината инспирирана од Дуомо во Милано, палета која ги генерира боите од архитектурата во Торино, или пак контрасните бои од Чинкве Тере.

Заедно со филтрите инспирирани од Рим и Комо, Alfa Romeo ќе им овозможи на возачот и патниците да се потсетат на инспиративното опкружување од дел од најпопуларните италијански локации за туристите.

Инженерите на италијанскиот бренд поминале по три недели на секоја локација користејќи најнапредна технологија за да ги адаптираат филтрите на светлината и боите карактеристични за секоја локација.

Првично, Alfa Romeo го најави вметнувањето на оваа технологија за примероците наменети за британскиот пазар, но веројатно ќе биде достапна и во останатите европски земји.

Повеќе содржини за Alfa Romeo:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla