Slider

Вести

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio прогласен за SUV на годината во својата класа

Slider

Две години откако првпат ја доби оваа награда, Stelvio Quadrifoglio повторно е број еден меѓу германските фанови, кои му дадоа предност на моќниот SUV во однос на германските ривали, но и други членови на најмоќното SUV друштво

15/10/2020

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio доби престижно признание од германскиот магазин „Ауто Цајтунг“, чие новинарско жири го избрало за најдобар спортски SUV во својот сегмент.

Две години откако првпат ја доби оваа награда, Stelvio Quadrifoglio повторно е број еден според експертите, кои му дадоа предност на моќниот SUV во однос на германските ривали, но и други членови на најмоќното SUV друштво.

– Повторното добивање на наградата од „Ауто Цајтунг“ е гордост за нас, па исто како и пред две години, жирито беше воодушевено од спортските возни карактеристики на Stelvio Quadrifoglio.

– Ова е доказ дека нашите инженери завршиле одлична работа во овој екстремно престижен сегмент, – изјавил Николо Бјаџоли, бренд менаџер за Alfa Romeo во Германија.

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio располага со V6 би-турбо мотор со 510 коњски сили, за спринтот до 100 км/ч му се потребни само 3,8 секунди, а располага и со идеална дистрибуција на масата (50-50), погон на четири тркала, активна суспензија и многу други елементи со кои стигнува до импресивни перформанси.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider