Slider

Вести

Alfa Romeo Tonale ќе биде прв модел кој ќе користи заеднички ресурси на FCA и PSA

Slider

Новиот SUV на италијанскиот бренд првично беше планиран со платформата на Jeep Renegade и Compass, но со новата ситуација, Tonale ќе ја користи CMP платформата која француската групација веќе ја користи за повеќе модели, меѓу кои и новиот Peugeot 208

27/12/2019

Новиот автомобилски гигант кој го создадоа PSA Groupe и FCA најавува позитивен ефект од здружувањето, пред се во размената на платформи, технологии и иновации, како и намалување на трошоците кои влијаат на профитабилноста.

Според очекувањата, брендовите на двете групации во иднина ќе користат само неколку платформи, а прв автомобил кој ќе биде (до)развиен заеднички ќе биде Alfa Romeo Tonale.

Новиот SUV на италијанскиот бренд првично беше планиран со платформата на Jeep Renegade и Fiat 500X, но со новата ситуација, Tonale ќе ја користи CMP платформата која француската групација веќе ја користи за повеќе модели, меѓу кои и новиот Peugeot 208.

Тоа ќе значи дека Tonale ќе биде подготвен и за електрична изведба, а ќе ги добие и останатите предности на платформата за мали автомобили, која се покажа како одличен производ на PSA, a овозможува и електрификација.

Експертите очекуваат и од двете страни да останат модели кои користат стара платформа, а кај FCA тоа би требало да бидат брендови како Ram, Chrysler и Jeep, чии поголеми модели имаат специфична основа. Новиот, електричен Fiat 500 нема да биде под влијание на здружувањето бидејќи неговиот развој е во напреден процес и тој ќе користи модифицирана FCA платформа за сегментот на мали автомобили.

Продажбата на Alfa Romeo Tonale треба да започне во 2022 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider