Slide

Вести

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi со нова стратегија за подобра иднина

Slide

27/05/2020

Последиците од пандемијата со коронавирусот дополнително го зголеми притисокот врз автомобилските производители, а посебно за оние како Renault и Nissan кои и претходно најавија менување на стратегијата поради послабите финансиски резултати последниот период.

Денеска алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi најави нова заедничка стратегија, со што производителите (групации) кои се дел од неа ќе преземат различни приоритети во различни региони, со што главната цел е обезбедување на најповолни резултати на одредени пазари, но пред се и намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста.

Renault ќе го има главниот збор во Европа, вклучувајќи ја и Русија, како и во Јужна Америка и Северна Африка, Nissan ќе диктира темпо во Јапонија, Кина и Северна Америка, додека Mitsubishi ќе биде лидер на актвностите во Југоисточна Азија и Океанија.

Одговорните во алијансата најавија намалување на бројот на модели за 20 проценти до 2025 година, потенцирајќи дека отсега ќе инсистираат на поефикасно производство, односно ќе внимаваат повеќе на профитабилноста отколку на продажните бројки.

Очекувањата се и дека соработката како делење на заедничка технологија ќе значи намалување на трошоците за дополнителни 20 проценти, а со комбинирање на експертизата, техниката и технологијата се очекува намалување на инвестицијата во секој нов модел за околу 40 проценти.

Во однос на поделбата на инвестиции во развој на нови технологии и солуции за мобилност, Nissan ќе има круцијална улога во развивањето на автономните автомобили, додека Renault е задолжен за електрификацијата и електрониката.

Поделени се приоритетите и во однос на моторите, Renault најмногу ќе се фокусира на малите бензински мотори и дизел моторите, Nissan на помоќните бензински мотори, додека Mitsubishi е одговорен за плаг-ин хибрид погонот кој ќе го користат и другите производители од алијансата.

Повеќе содржини за Renault

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година