Slide 1
Slide 1

Новитети

Американската гордост на струја: Ford го претстави F-150 Lightning

Slide 1
Slide 1

20/05/2021

Американскиот автомобилиски гигант Ford ги претстави првите фотографии, видеа и детали за електричната верзија на моделот F-150, најпродаваниот пикап и член на F-Series семејството кое е број еден на американскиот пазар.

F-150 Lightning е целосното име на пикапот кој ќе биде достапен следната пролет, а со електричниот погон ќе располага со 563 коњски сили, што го прави уште еден привлечен избор за големиот број пикап фанови на американскиот континент.

Ford подготви иновативни технолошки решенија за вака важен модел, тој ќе добие најнова генерација на инфо-забавниот систем, напредни опции за поврзување, како и 15,5-инчен вертикално поставен централен екран.

Електричниот пикап ќе може да служи и како генератор на енергија за домот во случај таму да има прекин на напојувањето, а под поклопецот ќе биде овозможен карго простор со капацитет од 400 литри.

Производителот најави автономија до 482 километри според американскиот EPA норматив, a за перформансите на F-150 Lightning доволно говори и забрзувањето до 100 км/ч за помалку од 5 секунди.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“