Slide

Вести

Американски државјани ја тужат Tesla заради Autopilot функционалноста која ветува комплетно автономно управување

Slide

Според тужителите "Tesla сѐ уште е далеку од комплетирање на софтвер за комплетно автономно управување на нивните возила".

16/09/2022

Тужителите изјавуваат дека производителот со лажното рекламирање имал намера да генерира возбуда за нивните автомобили, привлече инвеститори, да ја зголеми продажбата, да избегне банкрот и да ја зголеми цената на своите акции.

Пред неколку дена беше поднесена тужба против компанијата на Илон Маск заради наведување на клиентите преку несоодветно рекламирање на својата Autopilot функционалност.

Тужителите ја обвинуваат компанијата дека од 2016 година, лажно ја рекламирала технологијата како комплетно функционална или дека наскоро ќе стане комплетно функционална, иако биле свесни дека технологијата сѐ уште не е доволно развиена, со што се загрозува безбедноста на возачите на ваквите автомобили.

Според тужителите “Tesla сѐ уште е далеку од комплетирање на софтвер за комплетно автономно управување на нивните возила”.

Тужбата е поднесена во сојузниот суд во Сан Франциско. Во неа се бара оштета за клиентите кои имаат купено или закупено на лизинг возила од Tesla со функционалностите “Autopilot”, “Enhanced Autopilot” и “Full Self-Driving”.

Тужбата следи по жалбите поднесени до државната служба за моторни возила, во кои клиентите наведуваат дека производителот ги довел во заблуда за тоа колку се напредни нивните системи за асистенција во возењето.

Потенцијалниот исход од тужбата може да биде одземање на лиценцата на Tesla во Калифорнија, како и надомест на штета на возачите.

Според Tesla, Autopilot функционалноста овозможува возилата самостојно да управуваат, забрзуваат и сопираат во рамките на нивните коловозни ленти, додека “Full Self-Driving” функционалноста овозможува тие да ги регистрираат сообраќајните знаци и да управуваат согласно нив, а по потреба и да менуваат коловозни ленти.

Од производителот дополниелно потврдуваат дека при користење и на двете функционалности потребно е возачот “активно да го надгледува возењето”, да биде “комплетно концентриран” и неговите раце да бидат постојано на воланот.

Тужителот од Калифорнија изјави дека платил 5,000 долари дополнително за “Enhanced Autopilot” пакетот на неговата Tesla Model X.

Тој, исто така, додава дека сопствениците на возила Tesla кои добиваат софтверски надградби, всушност имаат улога на необучени тест инженери, кои во текот на возењето се соочувале со голем број на проблеми.

Според него и дел од останатите сопственици, нивните возила при вклучена “Full Self-Driving” функционалност не сопирале пред колона со возила, минувале на црвено светло и не успевале да направат рутинско вртење во свиоци.

Американската агенција за безбедност во сообраќајот од 2016 година има отворено 38 истраги поврзани со сообраќајни незгоди во автомобилите на Tesla, кои се однесуваат на системите за автономно управување. Во овие сообраќајни незгоди загинале 19 лица.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан