Вести
Анализа на септемвриските продажби по бренд и модел: раст на продажбите на Porsche и Mercedes
И спортскиот премиум производител Porsche забележа раст од 48%. Интересна е големата побарувачка за култниот 911, кој забележа 1,682 продажби (раст од 49%).
Помеѓу производителите со значителен пораст на продажбата се и брендовите Cupra, Polestar и Rolls-Royce.
Имено, производителите Genesis, кинескиот BYD, Bugatti и Cupra забележаа дури троцифрен раст на продажбата во септември. Во меѓувреме, Polestar, Maserati, MG, Rolls-Royce, Porsche и Mercedes-Benz се помеѓу 25-те брендови со двоцифрен пораст на продажбата. Севкупно европскиот пазар во септември порасна за 8%.
Genesis, премиум брендот во рамките на Hyundai Group, со остварените 382 продажби забележа раст од 700%, споредено со само 48-те продажби остварени во септември 2021 година. Треба да се нагласи дека во тој период брендот само што започна со продажби на европскиот пазар.
Кинескиот бренд BYD трикратно ја зголеми својата проажба, во најголем дел благодарение на големиот SUV именуван како Tang.
Cupra, спортскиот бренд во рамките на Volkswagen Group, забележа раст од 131%, во голема мера како резултат на големата побарувачка на електричниот компакт Born. Моделот оствари 3,250 продажби, а безмалку беа удвоени и продажбите на Cupra Formentor (10,124).
И Polestar, сестринскиот бренд на Volvo, безмалку ја удвои својата продажба, најмногу благодарение на седанот Polestar 2, кој по 9 изминати месеци од годината се најде на 5-тата позиција на листата на најпродавани премиум седани во Европа, и што е интересно – пред Volvo S60 и V60.
И спортскиот премиум производител Porsche забележа раст од 48%. Интересна е големата побарувачка за култниот 911, кој забележа 1,682 продажби (раст од 49%).
Слично е и со премиум конкурентот од Штутгарт. Имено, Mercedes-Benz забележа раст од 43%, во голема мера како резултат на порарувачката за C-Class, модел кој ја зголеми продажбата во септември на 6,884 примероци, споредено со 2,256-те во септември минатата година.