Стории
Анализа: Просечната потрошувачка отстапува за 5,4% во однос на WLTP спецификацијата
Новите бензиски, дизел и хибридни автомобили во просек трошат за 5,4% повеќе од тоа што е наведено во WLTP спецификациите не производителите.
Откако WLTP форматот за утврдување на потрошувачката го замени NEDC, дефинитивно се добиваат пореални бројки, но истражувањето на Whatcar? покажало дека и натаму има отстапување.
Британскиот медиум тестирал 56 нови модели за да ја направи анализата, а истата покажала разлика меѓу автомобилите, па некои од нив дури биле и поефикасни во однос на бројките од фабричките најави.
Дел од тестираните модели стигнале и до 15% помала просечна потрошувачка од најавената, додека кај оние што имале негативно отстапување, стигнувале и до 20% поголема потрошувачка.
Во минатото Whatcar? направи идентична анализа на 159 модели, но според NEDC протоколот, а тогаш медиумот забележа негативна просечна отстапка од дури 20,2 проценти.
Кај тие резултати беа утврдени отстапки и до 40 проценти, па затоа последната анализа е добра потврда за напредокот во однос на точноста на WLTP спецификациите кои ги истакнуваат производителите.
Модели кои покажале помала потрошувачка во однос на најавата на производителот:
Модел |
Најавена потрошувачка |
Утврдена потрошувачка |
Позитивно отстапување |
Honda CR-V 2.0 Hybrid |
5,7 | 4,9 | 15,9% |
Mazda MX-5 2.0 |
5,2 | 4,9 | 10,3% |
Skoda Karoq 1.5 TSI |
5,8 | 5,3 | 9,1% |
Dacia Logan Stepway Tce 90 |
5,3 | 4,9 | 7,7% |
Skoda Superb Combi 2.0 TDI 150 |
4,5 | 4,2 | 6,4% |
Peugeot Rifter 1.5 BlueHDi |
4,9 | 4,6 | 5,4% |
Volkswagen Polo 1.0 TSI |
4,7 | 4,5 | 4,4% |
Seat Ateca 1.5 TSI |
5,5 | 5,2 | 4,1% |
Audi Q5 40 TDI |
6,2 | 6,0 | 3,4% |
Citroen Berlingo Puretech 110 |
5,9 | 5,7 | 3,3% |