Skip to content

Вести

Анализа во земјите од ЕУ: Користените автомобили се најевтини во Италија

Анализата вели дека цените на користените автомобили се зголемиле за околу десет проценти во 2019 година, а разликите во цените меѓу различни земји можат да бидат изразени и со поголеми суми. Најевтин пазар е италијанскиот, а во просек најмногу плаќаат Французите

16/01/2020

Купувањето користен автомобил во рамките на Европската Унија носи дополнителна дилема, а тоа е земјата каде треба да се инвестира за да се добие најдобрата цена за одреден модел.

Во последната анализа на „Аутоскаут24“ се опфатени седум пазари од ЕУ, а просечните цени откриваат кои земји овозможуваат најмала инвестиција во половен автомобил.

Анализата вели дека цените на користените автомобили се зголемиле во 2019 година, а разликите во цените меѓу различни земји можат да бидат изразени и со поголеми суми. Најевтин пазар е италијанскиот, а во просек најмногу плаќаат Французите.

Францускиот пазар останува најскап и таму просечната цена на користените автомобили е 22.995 евра, во Германија сумата е 18.337 евра, а најниската просечна цена е забележана во Италија (14.446 евра), иако и во оваа земја просекот скокнал за 3,2 проценти во 2019 година.

Најатрактивни за купувачите на користени автомобили се оние кои се користени околу една година, а Европјаните во таква ситуација треба да инвестираат во Шпанија каде просечната цена е 28.630 евра, а во конкуренција на седумте земји најскапо се плаќа во Холандија (35.193 евра).

Автомобилите стари меѓу една и три години се најевтини во Италија (22.700 евра) а најскапи во Австрија, а Французите плаќаат најмногу за примероците стари меѓу три и пет години (20.258 евра во просек). Италијанскиот пазар има најниска просечна цена и за автомобилите групирани во категориите над пет години, – вели истражувањето на „Аутоскаут24“.

Од истото се извлекува и заклучокот дека заинтересираните купувачи за јангтајмери (20-30 години) треба да ги разгледуваат најпрвин понудите на холандскиот пазар каде има најповолни цени.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend