Slide 1

Стории

Apple го ангажираше поранешниот директор во тимoт на Tesla задолжен за Autopilot функцијата

Slide 1

Трансферот на Мур упатува на тоа дека Apple забрзано работи на обидите да развие технологија за автономно управување на својот иден автомобил, со што ќе стане директен конкурент на Tesla. - Извршниот директор на Apple, Тим Кук за време на последниот настан на компанијата во октомври.

10/11/2021

Трансферот ги засилува шпекулациите околу напорите на Apple да развие сопствен автомобил.

Apple, во обидот да влезе во автомобилската индустрија, го ангажираше дотогашниот инженер на Tesla, кој годинава предизвика контроверзни реакции со неговите забелешки за Autopilot функцијата на моделите на Tesla. 

Производителот на популарниот iPhone го ангажираше Кристофер Мур, кој се приклучи на тимот во Apple задолжен за развој на електричен автомобил со автономно управување.

Мур во Apple ќе биде задолжен за софтверот, а негов претпоставен ќе биде Стјуарт Боверс, уште еден поранешен директор на Tesla, кој се приклучи на Apple на крајот на минатата година. Боверс беше лидер на тимот во Tesla кој ја развиваше Autopilot функцијата, пред да ја напушти компанијата во средината на 2019 година.

Трансферот на Мур упатува на тоа дека Apple забрзано работи на обидите да развие технологија за автономно управување на својот иден автомобил, со што ќе стане директен конкурент на Tesla.

Мур се приклучува на тимот кој работи на проект со кодно име Титан, а е обвиен со најстрога тајност. Имено, претставниците на Apple никогаш јавно не ги потврдиле плановите за развој на автомобил. Уште една карактеристика на тимот е честиот трансфер на луѓе од и во други компании. Последен таков случај беше оној кога токму лидерот на тимот ја напушти компанијата за да продолжи да работи на истата тематика, но во американскиот гигант Ford.

Што се однесува до односите на Мур со Tesla, тој неодамна имплицираше дека Илон Маск ги преувеличува можностите на Autopilot функцијата. 

Претходно годинава претставници на Одделот за моторни возила на Калифорнија го испрашуваше Мур како дел од истрагите кои ги спроведуваат во врска со софтверите за автономно управување на возилата. Во интервјуто, претставниците на одделот за моторни возила побарале коментар од Мур и за најавите на Маск дека моделите на Tesla ќе имаат полн капацитет за автономно управување до крајот на годинава.

Според информација од Одделот за моторни возила, Мур ги информирал дека изјавите на Маск не се софпаѓаат со реалноста. 

Повеќе години наназад Илон Маск најавува дека моделите на Tesla се многу блиску до постигнување на целта – 5-тото ниво на автономно управување, што значи дека возилата ќе може самостојно да управуваат дури и без присуство на возач во автомобилот. Но, најавите делуваат преуранети, со оглед на тоа што целата автомобилска индустрија, вклучувајќи ги и моделите на Tesla, сè уште се во 2-рото ниво на автономно управување, кое значи дека возачите мора да седат зад воланот и потребно е да ги држат рацете на воланот.

Неодамна во Флорида е поднесена тужба против Tesla, во врска со нивната Autopilot функција, а која се однесува на жител на оваа сојузна држава кој загинал во сообраќајна незгода во 2019 година додека била вклучена Autopilot функцијата. Најверојатно Мур ќе биде дел од сведоците во процесот, а токму документите поврзани со овој судски процес открија дека Мур повеќе не е дел од тимот на Tesla.

Apple, од друга страна, неодамна го замени Даг Филд, лидерот на проектот Титан, со Кевин Линч, дотогашниот директор на дивизијата која е задолжена за Apple Watch. 

Во тимот на Apple има уште неколку директори кои беа преземени од Tesla, меѓу кои е директорот на електричниот погон – Михаел Швекуч и директорот на одделот за ентериер Стив Мекманус. 

Но слични турбуленции го следат и тимот на Apple, каде неколку директорски позиции останаа празни. Освен Филд, меѓу овогодишните заминувања е и она на директорот на дивизијата за роботика, Дејв Скот, како и директорот за безбедност, Џејми Вејдо. Уште еден претходен директор, Дејв Розентал, најпрво го напушти тимот, а потоа и компанијата.

Очигледно ќе поминат уште неколку години за да добиеме појасна слика за стадиумот на развој на автомобил од страна на Apple. 

Сепак, појдовна основа можат да ни бидат очигледните дијаметрално спротивни пристапи на Apple и Tesla, во однос на начинот на комуникација кога се работи за развој на нов производ или нова функционалност. 

Имено, Илон Маск ги најавува производите уште во најраната фаза, па дел од нив воопшто и не стигнуваат до сериско производство, додека Apple работи во најголема тајност, па официјално ги претставува своите производи на помалку од еден месец од нивната комерцијализација и отворање на нарачките.

Според тоа, можеби Apple е многу поблиску до претставување на сопствен автомобил отколклу што очекуваме.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental