Новитети
Ariya e првиот електричен кросовер на Nissan
Моќноста варира меѓу 217 и 394 коњски сили, додека автономијата започнува од 430 и може да стигне до дури 610 километри, кои се карактеристика на изведбата со погон на една оска и 90 kWh батерија
Јапонскиот производител Nissan ја проширува својата понуда со електричниот купе-кросовер модел кој го доби името Ariya.
Технолошки напредниот автомобил отвора нови можности за Nissan кој изминатиов период имаше негативни финансиски резултати, а највисоките претставници на компанијата велат дека Ariya располага со квалитети со кои лесно ќе се претвори во глобален хит.
Електричниот кросовер ќе биде понуден во изведби со погон на две и четири тркала, како и со варијации на капацитетот на батеријата.
Моќноста варира меѓу 217 и 394 коњски сили, додека автономијата започнува од 430 и може да стигне до дури 610 километри, кои се карактеристика на изведбата со погон на една оска и 90 kWh батерија.
Она што посебно го истакнуваат од Nissan е фактот што Ariya ќе располага со сите најнови технолошки иновации на производителот, вклучувајќи го ProPilot 2.0 системот за автономно управување.