Вести

Aston Martin го откри ентериерот, но и почетната цена за SUV моделот DBX

Денеска, производителот ги објави цените за својот нов модел, а таа за германскиот (веројатно и останатите поголеми европски пазари) е 193.500 евра за почетната изведба

06/11/2019

Aston Martin ги финализира подготовките за 20 ноември, денот кој е резервиран за премиерата на моделот DBX. Истата е закажана за во Пекинг, а има посебно значење за британскиот бренд, бидејќи на сцената ќе се појави неговиот прв SUV модел.

Малку по малку, Aston Martin ја загрева атмосферата со информациите за автомобилот кој досега можеше да се види само во прототип униформа, но јасно е дека DBX ќе предизвика голем интерес за купувачите во луксузниот сегмент.

Денеска, производителот ги објави цените за својот нов модел, а таа за германскиот (веројатно и останатите поголеми европски пазари) е 193.500 евра за почетната изведба.

Истовремено, претставниците на луксузниот бренд информираат дека многу време посветиле на дизајнирањето и изработката на кабината на DBX, се со цел да ги исполнат очекувањата на пребирливите купувачи кои се заштитен знак во овој сегмент.

Покрај импресивното опкружување и материјалите кои се употребени во кок-питот, Aston Martin DBX ќе им понуди релаксирани мигови и на патниците на задната клупа, за кои производителот тврди дека ќе добијат најкомфорни позиции во класата.

Aston Martin DBX ќе користи 4.0-литарски мотор со V8 конфигурација и 550 коњски сили.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider