Skip to content

Новитети

Aston Martin го претстави DBX – Првиот SUV на британскиот бренд доби AMG мотор

Ова ќе биде уште еден модел кој ќе има корист од соработката на Aston Martin и Mercedes-AMG, па ќе добие ревидирана верзија на 4.0-литарскиот V8 мотор со 550 коњски сили. Истиот располага со 700 Nm и стигнува од место до 100 км/ч за само 4,5 секунди

20/11/2019

Aston Martin e бренд со традиција долга 106 години, а од денеска и официјално го има првиот SUV во своето моделско портфолио.

Луксузниот DBX е официјално претставен на Саемот во Лос Анџелес, а гордите челници на британскиот производител најавија дека овој SUV спортист со сериозни оф-роуд можности отвора ново важно поглавје за Aston Martin.

Пет метри долгиот DBX ќе предизвика модели како Lamborghini Urus и Bentley Bentayga, обидувајќи се да добие дел од атрактивниот SUV колач, а една од неговите важни предиспозиции е алуминиумската конструкција и специјално подготвените панели се грижат за оптимизирање на тежината на автомобилот (2,2 тона).

Ова ќе биде уште еден модел кој ќе има корист од соработката на Aston Martin и Mercedes-AMG, па ќе добие ревидирана верзија на 4.0-литарскиот V8 мотор со 550 коњски сили. Истиот располага со 700 Nm, соработува со 9-степена автоматска трансмисија и стигнува од место до 100 км/ч за само 4,5 секунди.

Aston Martin најавува дека спортската генетика на брендот е комбинирана со оф-роуд карактер кој го прави DBX релаксиран без разлика на условите на патот, а покрај погонот на четири тркала, ќе користи активен централен диференцијал и е-диференцијал на задната оска за посакувана распределба на вртежите на двете оски.

Почетокот на продажбата е закажан за вториот квартал на 2020 година, а во Германија почетната цена ќе биде 193.500 евра.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend