Вести

Aston Martin го претстави моќниот V6 мотор подготвен за Valhalla (Видео)

Aston Martin Valhalla ќе биде претставен во 2022 година и е заеднички проект со инженерите на Ф1 тимот на Red Bull, a од него ќе се произведат само 500 примероци

24/03/2020

Aston Martin продолжува да открива информации за својот суперавтомобил Valhalla, овојпат потенцирајќи го срцето, односно моторот кој ќе има главна улога во хибридниот погон на проектот од кој Британците имаат големи очекувања.

Се работи за 3.0-литарски V6 мотор од сопствено производство и наменет за повеќе модели на брендот, а користењето во рамките на хибридна комбинација остава простор за адаптирање на моќноста според потребите за секој автомобил.

Aston Martin Valhalla ќе биде претставен во 2022 година и е заеднички проект со инженерите на Ф1 тимот на Red Bull, a од него ќе се произведат само 500 примероци.

Една од најважните карактеристики на V6 конфигурацијата е што овој мотор ќе тежи само 200 килограми, а Aston Martin најави дека погонот без проблеми ќе ги исполни ЕУРО 7 нормите.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider