Вести

Aston Martin ја отвори фабриката во Ст. Атан, идниот дом на SUV моделот DBX

Фабриката во Гејвуд останува дом на спортските модели на Aston Martin, но амбициите за Ст. Атан се навистина големи поради популарноста која ја ужива SUV сегментот и очекувањата кои брендот ги има од навистина атрактивниот и луксузен DBX

06/12/2019

Британскиот автомобилски производител, Aston Martin, денеска официјално ја отвори својата нова фабрика во Ст. Атан, Велс и во 2020 година на оваа локација ќе го произведува својот прв SUV модел, DBX.

Фабриката во Гејвуд останува дом на спортските модели на Aston Martin, но амбициите за Ст. Атан се навистина големи поради популарноста која ја ужива SUV сегментот и очекувањата кои брендот ги има од навистина атрактивниот и луксузен DBX.

Компанијата отвори 600 нови работни места, а во периодот кога побарувачката ќе биде зголемена се очекува потреба од 750 работници, при што Aston Martin потенцира дека обуката и едукацијата на вработените трае долго време затоа што се работи за производител кој не прави компромиси со квалитетот во процесот на производство.

Локацијата на која е изградена фабриката била во сопственост на Британската кралска армија уште од 1938 година, служела и како аеродром и тренинг центар, а трансформацијата во нов дом на Aston Martin траела цели три години.

Независно од активностите на производителот, вчера британските медиуми објавија дека канадскиот милијардер Лоренс Строл е сериозно заинтересиран да го купи Aston Martin.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider