Вести

Aston Martin му продаде пакет акции на канадскиот милијардер Лоренс Стол

Во моментите кога на компанијата и е потребна финансиска инјекција за производство на новиот SUV модел познат како DBX, Строл презема дел од сопственичката структура, а за акциите ќе плати 182 милиони фунти

31/01/2020

Aston Martin постигна договор со канадскиот милијардер Лоренс Строл и тој ќе добие 16,7 проценти од акциите на британскиот производител.

Во моментите кога на компанијата и е потребна финансиска инјекција за производство на новиот SUV модел познат како DBX, Строл презема дел од сопственичката структура, а за акциите ќе плати 182 милиони фунти.

Строл ќе стане дел од Бордот на Aston Martin со функција на извршен претседател заменувајќи го Пени Хјуз, а во втората етапа од инвестициите за компанијата, најголемите акционери меѓу кои и Строл ќе инвестираат дополнителни 318 милиони фунти.

Aston Martin постигна разочарувачки резултати во 2019 година што ја потврди потребата од свеж капитал за ревитализација на состојбата, а со новите инвестиции, производителот ќе биде стабилен во периодот кога ќе треба да започне производството на DBX, модел кој се очекува да направи сериозни продажни бројки и да ја подобри финансиската слика на британскиот бренд.

Строл е косопственик на Формула 1 тимот Рејсинг Поинт и татко на Ф1 возачот Ленс Строл, а стои зад успешни приказни како „Pierre Cardin“, „Ralph Lauren“, „Tommy Hilfiger“, „Michael Кors“ и „Garrard&Co“.

Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на 2,6 милијарди долари.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider