Slider

Вести

Aston Martin претстави луксузен тркачки симулатор

Slider

Симулаторот го доби името AMR-C01, неговиот монокок е направен од јаглеродни влакна, а седиштето и позицијата на возачот се инспирирани од моделот Valkyrie

14/09/2020

Aston Martin денеска премиерно прикажа новитет од своето портфолио, но овој пат не се работи за спортски автомобил, туку за тркачки симулатор предвиден за користење во домашни услови.

Фановите на електронските спортови добиваат можност да си обезбедат луксузен и напреден симулатор, кој ќе биде произведен во ограничен број примероци, а гарантира квалитети кои се очекувани за потписот на бренд како Aston Martin.

Симулаторот го доби името AMR-C01, неговиот монокок е направен од јаглеродни влакна, а седиштето и позицијата на возачот се инспирирани од моделот Valkyrie.

ARM-C01 ќе биде произведен во само 150 примероци, а секој од нив ќе чини над 60.000 фунти.

Aston Martin ја детектираше зголемената популарност на виртуелните спортови, па на купувачите кои можат да ја издвојат петцифрената сума ќе им обезбеди посебни привилегии во светот на еспортот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider