Вести

Aston Martin со ексклузивна изведба во чест на легендарниот Конкорд

Во однос на техничките карактеристики, DBS Superleggera Concorde Edition располага со 5.2-литарски твин-турбо V12 мотор со 725 коњски сили и 900 Nm, a од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,2 секунди

26/11/2019

Британскиот производител Aston Martin ја претстави ексклузивната изведба DBS Superleggera Concorde Edition, со која се одбележува 50-годишниот јубилеј на легендарниот авион Конкорд.

Aston Martin соработуваше со „Бритиш ервејс“ во креирањето на специјалните елементи на екстериерот и ентериерот на DBS Superleggera Concorde, a боите на авио-компанијата се опфатени на покривот, спојлерот и на задниот дифузер.

Авионот Конкорд кој беше креиран како англиско-француска соработка својот прв лет го имаше пред 50 години, а тоа беше и инспирација за дизајнерите на Aston Martin, чиј краен резултат ќе биде преточен во само десет примероци на ексклузивната изведба.

Оваа изведба е дел од серијата Aston Martin Wings инспирирана од авијацијата, во која претходно беа претставени и Vanquish S Red Arrows, Vantage Blades Edition и Vantage S Spitfire V12.

Во однос на техничките карактеристики, DBS Superleggera Concorde Edition располага со 5.2-литарски твин-турбо V12 мотор со 715 коњски сили и 900 Nm, a од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,2 секунди.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider