Slide

Вести

Astra L пристигна во салонот на Opel во Скопје; достапна и плаг-ин хибридна изведба како најава за електричната која следи

Slide

27/06/2022

Новата генерација на Opel Astra пристигна во Македонија. Минатата седмица, компанијата Еуроимпекс, официјалниот дистрибутер за Opel за регионот, организираше настан со прес конференција на која Драган Јовев, продукт менаџерот на Opel, нѐ запозна со функционалностите и карактеристиките на новата генерација од компактот.

Astra L е поставена на сосема нова платформа која ѝ овозможува се произведува и со плаг-ин хибриден погон (а следната година ќе биде надополнета и со електрична изведба).

Имено, откако во 2017 година General Motors ѝ го продаде брендот Opel на тогашната PSA Group (Peugeot, Citroën), која, пак, во меѓувреме со спојувањето со Fiat-Chrysler (FCA) ја формираше големата Stellantis групација, се наметнаа предуслови за комплетно менување на платформата на која е поставена новата генерација на Opel Astra.

Astra L, ја користи третата генерација на EMP2 платформата (Efficient Modular Platform 2), која веќе ја користат неколку популарни модели во рамките на Stellantis, како што се Peugeot 308, Opel Grandland, а ќе биде основа и за неодамна најавениот кросовер Peugeot 408.

Бидејќи уште во февруари имавме можност да ја возиме новата генерација на медиската презентација во Лисабон, сега можеме да се потсетиме на тогашните впечатоци.

Штом ќе седнете во кокпитот на Astra L, Ве дочекуваат ергономските AGR седишта. По седнувањето, погледот застанува на доминантната инструмент табла која се протега сѐ до централната конзола за со инфотејнмент екранот да формира заеднички елемент кој Opel го нарекува “Pure Panel”. Под него, во централниот дел се сместени неколку физички копчиња за најкористените команди. Екранот осетлив на допир, кој во повисоките пакети на опременост е сместен зад стаклената површина, е респонзивен и јасен.

Штом го спуштите погледот надолу, кај моделите со 8-степена автоматска трансмисија, веднаш се забележува отсутвото на класична рачка за менувачот на брзини. Наместо тоа, на централната конзола се наоѓа мал прекинувач, кој одлично се вклопува во ненападниот дизајн на ентериерот.

На задната клупа, дури и високите патници може да се чувстуваат комотно, бидејќи подолгото меѓуоскино растојание придонесува за поголем простор за нозете.

Целиот дизајн на новата Astra е продолжение на дизајнерскиот правец на Opel кој го вклучува специфичниот Vizor, надополнет со LED предните светла кои содржат по 84 LED диоди.

Овие LED диоди се подредени во три реда, кои интелигентно се гасат штом возило наиде од спротивната страна. Така, безгрижно може да возите со вклучени долги светла, без да го заслепите возачот во возилото одспротива. 

Оваа функционалност е многу суштинска, особено при возење на магистрални патишта. Оние кои барем еднаш управувале возило со ваква светлосна технологија, веднаш стануваат нејзини главни промотери.

Што се однесува до димензиите, вкупната должина на компактот изнесува 4.37 метри, а ширината е зголемена на 1.86 метри. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 13 милиметри, со што се зголемува просторот на задната клупа.

Предните седишта, пак, се поставени малку пониско во споредба со претходникот. Ова ќе им се допадне на купувачите кои уживаат во поспортско возење.

Во Astra L, патниците може да уживаат во модерниот ентериер кој претходно беше имплементриан и во Corsa и Mokka. Зад трокракиот управувач се наоѓа 10-инчната инструмент табла, која, како што спомнавме, во одредени пакети на опременост е поставена зад целосната стаклена површина заедно со централно поставениот екран осетлив на допир. Централно поставниот инфотејнмент екран е умерено усмерен кон возачот.

Во однос на технологијата, Asrta воопшто не заостанува зад кокнурентите. Петте камери и пет радарски сензори се надополнети со ултра звучни сензори, по еден од нив поставен во предниот и задниот дел на возилото. Овие сензори се основа за системите за асистенција, кои во новата Astra ги има во изобилие. Но, за да бидат вклучени, возачот сепак мора да ги држи рацете на управувачот.

Stop-and-go функцијата овозможува автономно следење на возилото напред без потреба од ангажман на возачот. 

При комерцијализацијата достапни се два плаг-ин хибридни изведби. Послабата од нив има системска сила од 180 hp. 150 од нив доаѓаат од 1.6-литарскиот четирицилиндерски турбо бензински мотор, кој е надополнет со електромоторот со сила од 81 kW. 

Помоќниот PHEV има вкупна системска сила од 225 hp. Максималниот вртежен момент кај двете плаг-ин хибридни изведби е 360 Nm. 

Помеѓу другите мотори се новите дизелски и бензински мотори со три и четири цилиндри. 1.2-литарскиот трицилиндерски мотор со 110 или 130 hp. 

За оние кои сакаат дизел, достапен е 1.5-литарски мотор со 130 hp и максимален вртежен момент од 300 Њутн метри. 

Моторите може да се нарачаат со менуелна шест-степена или осум-степена автоматска трансмисија.

Веќе е потврдено од производителот, а беше напоменато и од страна на продукт менаџерот за време на презентацијата, следната година Astra L ќе се произведува и како комплетно електрична изведба.

Уште една разлика, поради промената на платформата, новата Astra повеќе не се произведува во Елсмер Порт во Велика Британија и Гливице во Полска, туку во фабриката во централата во Риселсхајм.

Цените на новата Astra во Македонија започнуваат од 21.700 Евра. За време на презентацијата, имавме можност да изброиме дури 6 различни примероци, во различни бои и пакети на опременост. Фановите на Astra и потенцијалните купувачи можат да ја погледнат во салонот на Opel во населбата Карпош 1, во Скопје. 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила