Slide 1

Новитети

Audi воведува R8 V10 Performance RWD со 570 hp и 550 Nm вртежен момент

Slide 1

5.2-литарскиот мотор има сила од 570 hp и максимален вртежен момент од 550 Nm. И покрај подобрите перформанси, сè има респектабилно растојание од R8 V10 Performance Quattro изведбата (620 hp и 580 Nm).

13/10/2021

Audi повторно ја враќа изведбата на R8 со погон на задната оска и V10 мотор. Моторот има повеќе сила, но моделот добива и низа унапредувања на перформансите.

Задниот погон кај Audi R8 нема константен континуитет. Производителот од Инголштат некогаш го нуди спортскиот автомобил со погон на задната оска, но некогаш не. А во случаите кога бил вклучен, моделот имал намалени перформанси во однос на изведбите со AWD. Последниот ваков модел со погон на задната оска имаше “само” 540 hp и исто толку Nm вртежен момент. Сега R8 со заден (RWD) погон се враќа на сцената, и тоа со “Performance” ознаки.

Очекувано – новата RWD изведба има повеќе сила од претходната: 5.2-литарскиот мотор има сила од 570 hp и максимален вртежен момент од 550 Nm. И покрај подобрите перформанси, овој моде,л сепак, има респектабилни разлики во однос на R8 V10 Performance Quattro изведбата (620 hp и 580 Nm).

Но, од друга страна, задниот погон носи значителна предност во однос на тежината: со вкупна тежина од 1,590 килограми, купето со заден погон е дури 80 килограми полесно од купето со погон на сите тркала. Додека, Audi R8 V10 Performance RWD Spyder, пак, тежи 1,695 килограми.

Изведбата со заден погон има слични возни својства како AWD изведбата. Првата забрзува од 0-100 km/h за 3,7 секунди со максимална брзина од 329 km/h. Spyder изведбата е за една десетина од секундата поспора. R8 Performance изведбата со AWD има најголема предност во однос на тракцијата при забрзувањето (купе изведбата забрзува од 0-100km/h за 3,1 секунда). Скоро и да нема разлика во максималната брзина која кај изведбата со погон на сите тркала изнесува 331 km/h.

Кај Audi R8 V10 Performance RWD, силата се пренесува преку седум-степен S-Tronic автоматски менувач, кој е поддржан од механички систем за контрола на диференцијалот кој оневозможува пролизгување. Шасијата и контролните системи се адаптирани на возните својства. Во спортскиот режим на возење, системот за електронска стабилизација овозможува контролирани пролизгувања за забава.

За првпат е овозможено динамичко управување кај изведба со заден понгон. Во сериска опрема R8 RWD доаѓа со 19-инчни бандажи. Опционално се достапни 20-инчни бандажи и тркачки пневматици со димензии 245/30 R20 (напред) и 305/30 R20 (назад). Во овој случај, овозможена е комбинација со керамички систем за сопирање, кој вклучува 19-инчни дискови.

Изгледот на Audi R8 V10 Performance RWD e базиран на тркачката R8 LMS GT4. Решетката во маската има матирана црна боја, а впечатливи се големите отвори за воздух од страните. Новата R8 е достапна во 10 бои. 

Ентериерот е опремен со “R8 Performance” пакет, црна алкантара кожа со контрастни шевови во Mercato сина боја.

Како дополнување, преку мултифункционалниот волан може да се стартува моторот, да се управува со Audi Drive Select системот, може да се активира “Performance” режимот и да се конфигурира дигиталната инструмент табла, која има 12,3 инчен дисплеј.

Audi R8 V10 Performance RWD ќе може да се нарача од 21 октомври. Во Германија, основната цена за купе изведбата е 149,000 евра. Audi R8 V10 RWD Spyder стартува од 162,000 евра. Со воведувањето на овие два модели со заден погон, нема повеќе да се нудат две предходни изведби: Едната е споменатата – R8 RWD со 540 hp, и втората е основната Quattro изведба со 570 hp.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental