Slide

Вести

Audi делумно го претстави Activesphere и најави кои од претходните три Sphere концепти ќе стигнат до сериско производство

Slide

Освен купе изгледот, од фотографијата може да се забележи и висок клиренс, што навестува дека Activesphere ќе се категоризира како SUV.

24/08/2022

Audi делумно откри како ќе изгледа четвртиот модел во серијата на Sphere концептите. Производителот истовремено најавува како се развиваат настаните околку развојот на продукциските модели базирани на овие концепти.

Audi ја објави фотографијата од Activesphere Concept за време на настанот Monterey Car Week, иако концептот не беше изложен на самиот настан. Германскиот премиум производител на калифорнискиот настан ги претстави останатите три Sphere модели: Skysphere, Grandsphere и Urbansphere. Дизајнерите на Audi нѝ откриваат и кој од концептите ќе продолжи како продукциски модел, а кој не.

Имено, Activesphere ја надополнува Sphere гамата со офроуд модел. Заедничките карактеристики на моделите се исклучиво електричниот погон и делумно автономно управување до 4-тото ниво.

Освен купе изгледот, од фотографијата може да се забележи и висок клиренс, што навестува дека Activesphere ќе се категоризира како SUV. Иако на фотографијата не се забележуваат вратите, доколку продукцискиот модел е долг колку A7 Sportback, може да се очекуваат четири врати. 

Понатаму, покривот е направен комплетно од стакло, како кај Grandsphere.

Што се однесува до продукциската фаза за останатите модели, јасно е дека Grandsphere ќе ја достигне таа фаза. Дизајнот на концептот е 80% идентичен со продукцискиот. Овој модел би требало да биде електричен наследник на тековната A8.

Но, за продукцискиот модел ќе мора да почекаме до 2025 година.

Електричниот ван Urbansphere беше првично наменет за кинескиот пазар. Urbansphere и Grandsphere немаат конвенционални инструмент табли. На нивното место се поставени дрвени панели, а проектор ги проектира саканите информации на дрвениот панел. Но, Audi полека се откажува од идејата моделот да биде наменет само за кинескиот пазар. Очигледно дека моделот е интересен и за европскиот пазар, како и за САД.

Што се однесува до спортскиот двосед Skysphere, засега се многу мали изгледите тој да стигне до сериско производство.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа